Ѓоковиќ водеше „жестока војна“ со Давидович Фокина, но обезбеди осминафинале во Париз

Jun 2, 2023

Новак Ѓоковиќ успеа да обезбеди осминафинале на Ролан Гарос и тоа откако ја оправда фаворитската улога во дуелот со Алехандро Давидович Фокина.

Голема битка се водеше меѓу Ѓоковиќ и Фокина, меч во кој Ноле мораше да „војува“ и со домашната публика, меѓутоа Србинот пронајде начин и дојде до посакуваната победа со која сега е чекор поблиску до крајната цел-23 грен слем титула.Првите два сета беа маратонски, траеја скоро по еден ипол час, две сега во кои се се решаваше во тај-брејкот каде Ѓоковиќ го имаше последниот збор и со 7-4 и 7-5 дојде до 2-0. Со овие изданија го скрши отпорот на Шпанецот, па во третиот со 6-2 го потврди триумфот и местото во 16 најдобри на Френч Опен.

Претходно победи остварија Офнер и Хачанов, додека Сонего направи изненадување и го суреди Рубљов.

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ