PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

ОН и МКЦК потврдија за евакуација од Азовстал

May 1, 2022

[ad_1]

Фото: Твитер/Министерство за одбрана на Украина
PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

ОН и Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) денеска потврдија дека е во тек операција за евакуација на луѓето од фабриката за челик Азовстал во украинскиот град Мариупол.

Портпаролот на ОН за хуманитарна помош, Савијано Абреу, изјави дека напорите за евакуација на луѓето од Азовстал се прават во соработка со МКЦК и во координација со украинските и руските власти.

Абреу ја опиша ситуацијата како „многу сложена“ и не даде повеќе детали.

МКЦК потврди и дека е во тек процесот на евакуација на цивили од Мариупол.

– МКЦК потврдува дека операцијата за безбедно поминување е во тек, во координација со ОН и страните во конфликтот – изјави портпаролот на организацијата.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ