ОН повикаа на дипломатија во Украина


Обединетите нации продолжуваат да се надеваат на дипломатско решение на кризата во Украина и покрај воената ескалација на Русија, соопшти ОН.

– Видовме дека тие сè уште планираат разговори меѓу САД и Руската Федерација, се надеваме подоцна оваа недела во Женева. Се надеваме дека тие ќе продолжат – изјави портпаролот на генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш во Њујорк.

– Воени конфликт ќе биде катастрофален – рече Стефан Дужарик.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Антони Блинкен требаше да се сретнат во четврток во Женева, но состанокот е доведен во прашање по наредбата на рускиот претседател Владимир Путин да распореди руски војници во источна Украина.

ТОП ВЕСТИ

Бајден: Федерална помош за државата Мисисипи по торнадото

Американскиот претседател Џо Бајден одобри федерална помош за поддршка на државата Мисисипи откако беше погодена од торнадо во кое загинаа 26 луѓе, соопшти денеска...

Австрискиот претседател Ван Дер Белен и претставници на 30 компании во вторник во Македонија

Во вторник го дочекуваме австрискиот претседател Александар Ван Дер Белен како дел од западнобалканската политичко економска турнеја. Во делегацијата со Ван Дер Белен ќе...

Средба Рама-Курти во Тирана

Косовскиот премиер Албин Курти, кој денеска е во посета на Тирана, по средбите со шефот на државата Бајрам Бегај и претседателката на парламентот Линдита...

Спасовски: Детектирана е криминална група во однос на лажните дојави за бомби, тие речиси и да престанаа по донесување на новите протоколи

Во интервју за Радио Слободна Европа, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одговарајќи на прашање во врска со придобивките од новите Протоколи за постапување...

НАТО- Руската нуклеарна реторика е опасна и неодговорна

НАТО во неделата ја критикуваше Русија за нејзината „опасна и неодговорна“ нуклеарна реторика, еден ден откако рускиот претседател Владимир Путин рече дека Русија ќе...