Џонсон: Рускиот народ не би ја поддржал војната доколку ја знае вистината


фото: Фејсбук

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска упати апел до Русите во кој ги повика „да се информираат од независни извори“ за „злосторствата извршени од нивните војници во Украина“, додавајќи дека тие „не би ја поддржале војна доколку ја знаат вистината“.

– Рускиот народ ја заслужува вистината, вие ги заслужувате фактите – изјави Џонсон во видео обраќањето на Твитер, кое делумно беше на руски јазик.

– Злосторствата извршени од руските војници во Буча, Ирпин и други места во Украина го згрозија светот. Извештаите се толку шокантни, толку гнасни, не е ни чудо што вашата влада се обидува да ги скрие од вас. Вашиот претседател знае дека кога би можеле да видите што се случува, нема да ја поддржите неговата војна – истакна тој.

Џонсон ги повика Русите да користат виртуелни приватни мрежи (ВПН) за да можат да пристапат до независни информации за војната и на тој начин да дојдат до фактите.

– И кога ќе дојдете до вистината, споделете ја. Тие што се одговорни и ќе одговараат. А историјата ќе памети кој имал поинаков пристап – нагласи британскиот премиер.

Тој на руски додаде: „Вашиот претседател е обвинет дека извршил воени злосторства, но не можам да верувам дека тоа го направил со ваше одобрение“.

Американскиот претседател Џозеф Бајден побара на рускиот претседател Владимир Путин да му се суди поради воени злосторства кои се наводно извршени од руски војници во Буча, предградие на Киев.

Москва ги нарече ваквите наводи неприфатливи, а руското Министерство за одбрана соопшти дека руските војници не убиле цивили во Буча, каде украинските сили неодамна ја презедоа контролата.

ТОП ВЕСТИ

Пентагон го демантира „Волстрит журнал“, Кинезите не граделе шпионска станица во Куба

Пентагон не е запознаен со кинеско-кубанскиот план за формирање кинеска шпионска станица за електронско прислушување на територијата на Куба. Портпаролот на Министерството за одбрана, Пет...

Ким Кардашијан има ново момче: Мистериозниот маж го носела во ресторан во кој одела со бившиот

Ријалити ѕвездата Ким Кардашијан откри дека се гледа со мистериозен маж, а за да го скрие неговиот идентитет, му го дала прекарот „Фред“. Најпознатата старлета...

(Видео) Невреме во Белград: од силните громови испукале стаклата на автомобилите

Силно невреме го зафати синоќа Белград и направи хаос. Според снимките кои беа објавени на социјалните мрежи, грмотевиците биле многу силни и имало во...

Претреси во Битола, пронајдени пиштол, муниција, украдени предмети

На 08.06.2023 полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола го лишиле од слобода К.Ј.(26) од Битола. При претрес во неговиот дом,...

Седници на ИО и ЦО на СДСМ за формата на продолжување на преговорите со ВМРО-ДПМНЕ

Централниот и Извршниот одбор на СДСМ денеска ќе одржат седници на кои тема ќе бидат начинот и формата со кои понатаму ќе продолжат преговорите...