Џонсон се обрати пред пратениците на Конзервативната партија, која денеска ќе одлучи дали тој ќе остане премиер на Велика Британија


Фото: Фејсбук

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска се обратил пред пратениците на неговата Конзервативна партија пред денешното гласање доверба, кое ќе одлучи за тоа дали тој ќе остане на чело на партијата, а со тоа и премиер на Велика Британија.

Би-Би-Си, повикувајќи се на свои извори јави дека Џонсон им ветил дека „повторно ќе ги води до победа“ и предупредил да не влегуваат во „бесмислена братоубиствена дебата“ за иднината на Конзервативната партија.

Тој, исто така, ги повикал пратениците „да одбијат да ги задоволат нашите противници со тоа што самите ќе се предадат“. Висок партиски извор рече дека премиерот добил голем аплауз кога рекол дека не треба да „танцуваат како што свират медиумите“.

Пратениците ќе гласаат до 19 часот, по што веднаш ќе следи пребројување на гласовите.

Ако Џонсон ја добие поддршката од повеќе од 50 отсто од пратениците кои гласаат, тој останува и не може да се соочи со уште едно гласање за доверба најмалку една година. Ако изгуби, мора да замине од функцијата и нема да може да учествува во битката за нов лидер на партијата.

За заминувањето на Џонсон потребни се гласовите на мнозинството пратеници од конзервативците, кои се 180. Доколку тоа се случи, следуваат избори за ново партиско раководство.

Џонсон, премиер од 2019 година, е под зголемен притисок по извештаите за алкохолизирани прослави од страна на политичкиот врв во време кога остатокот од Британија беше под рестриктивни мерки, наметнати поради пандемијата на ковид-19.

Голем број конзервативци изразија загриженост за тоа дали 57-годишниот Џонсон го загубил авторитетот за да управува со земјата, на која и се заканува рецесија, раст на цените на храната и горивото и штрајкови во Лондон.

Џеси Норман, функционер во Министерството за финансии помеѓу 2019 и 2021 година, е уште еден ториевец кој јавно повика на гласање за недоверба, приклучувајќи се на сè поголем број на оние кои веруваат дека партијата страда поради Џонсон. Норман рече дека повеќе не може да стои покрај премиерот.

– Неодамнешните настани ја разјаснија ситуацијата во која се наоѓа оваа земја под ваше раководство, не оставајќи никаков сомнеж. Се плашам дека нема околности во кои би можел да служам во владата што ја водите-напиша Норман во писмото што го објави на Твитер.

ТОП ВЕСТИ

Али Ахмети од Чаир: Се залагаме за целосна родова еднаквост

Демократската унија за интеграција вечерва одржа форум под мото „Лице в лице за еднакви можности“, во организација на Секретаријатот за еднакви можности - огранокот...

Руските пропагандисти со лажно видео ги „закопуваат“ паднатите украински војници во биоразградливи мешунки

Руските пропагандисти измислија ТВ сторија наводно направена од каналот 1+1. Масовните медиуми во Кремљ, сметките на Фејсбук на кинески јазик, каналите на Z-Telegram, проруските сметки на Тик-Ток и некои сајтови...

Руските дезинформации за уништен „Леопард“ со германски екипаж во македонските медиуми виа Б-92

Во очај да покаже какви – такви резултати на бојното поле, соочено со постојани загуби на територии, жива сила и воена опрема, како...

Ковачевски: Се намалува маржата на овошјето и зеленчукот, а гарантирана цена добиваат и пијалоците

Премиерот Димитар Ковачевски соопшти дека Владата одлучила да ја прошири листата на производи со „загарантирана цена“. „Списокот на производи со гарантирана цена ќе се проширува....

Меѓународен ден на Бошњаците/ Доко: Да работиме заедно за попрогресивна земја

Скопје, 26 септември – 28 септември – Меѓународниот ден на Бошњаците денеска во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците беше одбележан преку организирана...