Џонсон вели дека ја платил казната поради ковид-журката за време на заклучувањето

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека ја платил казната за кршење на правилата за изолација поради коронавирусот донесени од неговата влада.

Од истата причина, лондонската полиција казни повеќе од 50 лица, меѓу кои и учесниците на забавата во британската влада во пресрет на погребот на сопругот на британската кралица, принцот Филип.

Џонсон учествуваше на забавата, се извини за таа грешка и рече дека не му паѓа на памет дека собирот на неговиот роденден, во јуни 2020 година, може да биде кршење на правилата, пишуваат британските гласила.

Лондонската полиција денеска го известила и министерот за финансии Риши Сунак дека ќе биде казнет.

Извештаите за забави во градината на Даунинг стрит за време на пандемијата на коронавирусот првпат се појавија во декември, но тогаш Џонсон ги негираше тврдењата дека не ги почитувал сите мерки.

Казната ќе мора да ја плати и сопругата на Џонсон, Кери Џонсон.

Лондонската полиција ги истражуваше наводите за 12 собири на Даунинг стрит за време на карантинот и изрече повеќе од 50 казни, а се очекува да бидат и повеќе.

Портпаролката на организацијата „Семејствата на ужалените бараат правда“ Лоби Акинола рече дека е неверојатно болно да се дознае дека такви високи функционери биле на забави, додека семејствата не може да бидат со најблиските на погреб.

Либералите предлагаат седница на парламентот, кој е на велигденска пауза, за да му се изгласа недоверба на Џонсон, додека владејачката Конзервативна партија бара јавно извинување од официјалните лица.

Осудените можат да ја платат сумата во рок од 28 дена или да се жалат на полициското решение. Во тој случај, полицијата го разгледува случајот и ја повлекува казната или предметот го предава на суд.

Прекршочните казни за прекршување на мерките за коронавирус не се вклучени во криминалното досие, пишува Би-би-си.

ТОП ВЕСТИ

Сити спреми нов договор, Халанд најплатен во Премиер лигата

Македонија - Малта: Ни треба победа и тоа не каква било, туку газење треба!↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=i4EBkAwsqrIЕрлинг Халад во својата прва сезона во дресот на...

Најневеројатен шверц на луѓе, на српските цариници не им се верувало дека е можно

Неверојатна сцена синоќа доживеале цариниците во Градина. Имено тие ја отвориле хаубата на еден автомобил и внатре виделе жена скриена меѓу моторот и ладилникот...

Почнува летното сметање на времето

Стрелките на часовникот ноќеска во два часот ќе покажуваат три часот. Со промената на сметањето на времето почнува летното сметање на времето и ќе...

Груби: Не сметам, знам дека има пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои би ги поддржале уставните измени 

Одговарајќи на новинарско прашање во врска со изјавите шшто доаѓаат од ВМРО-ДПМНЕ дека на власта и недостигаат 10 пратеници за усвојување на уставните измени,...

Ал Пачино на романтична вечера со 54 години помладата партнерка (ФОТО)

Холивудскиот актер Ал Пачино ужива во љубовта со пет децении помладата партнерка. Ал Пачино е снимен за време на романтичен состанок со неговата 54...