Орбан го тресе Брисел: Најави можно напуштање на ЕУ на Унгарија

Унгарскиот премиер Виктор Орбан ја навести можноста неговата земја да ја напушти Европската унија, што е првпат да споменува таков исход, пренесува РСЕ на англиски јазик.

Говорејќи во годишното обраќање оваа година по повод почетокот на неговата кампања за унгарските парламентарни избори закажани за 3-ти април, Орбан рече дека ЕУ води „света војна, џихад“ под слоганот за владеење на правото.

Во исто време, Орбан на своите поддржувачи во Будимпешта на 12 февруари им порача дека ЕУ треба „да покаже толеранција кон Унгарија“. Во спротивно, рече Орбан, нема да биде можно да се продолжи по заеднички пат, пренесува РСЕ.

Орбан во минатото постојано ги напаѓал, како што ги нарекува, „бирократите во Брисел“, но се воздржувал од закани дека ќе ja напушти Унијата.

Тој зборуваше само неколку дена пред Европскиот суд на правдата (ЕСП) со седиште во Луксембург да донесе одлука за нов механизам што ја поврзува распределбата на средствата на ЕУ со почитувањето на владеењето на правото во земјите-членки.

Унгарија и Полска поднесоа жалба против механизмот усвоен во декември 2020 година, кој ќе ги исклучи земјите што го прекршуваат владеењето на правото од заедничкиот буџет на ЕУ. ЕСП својата одлука треба да ја донесе на 16-ти февруари.

Телата на ЕУ и организациите за човекови права го обвинуваат Орбан, кој е на чело на Унгарија од 2010 година, дека ја напаѓа демократијата и владеењето на правото.

ТОП ВЕСТИ

(ВИДЕО) Запалено градското собрание во градот Бордо на синоќешните протести во Франција

Според извештаите на француското МВР, на вчерашните протести ширум земјата излегле над еден милион луѓе, а поради немирите низ целата земја биле уапсени 80...

(Видео) Огромен пожар во Истанбул: Огнена стихија зафати хотел, две лица загинаа

Две лица загинаа, а уште две се повредени во пожар што рано утринава избувна во седумкатен хотел во Истанбул. Причината за пожарот засега не е...

24 години од бомбардирањето на НАТО врз Југославија

На 24 март 1999 г. НАТО без одлука на Советот за Безбедност на ОН, започна терористички напад врз СР Југославија. Најмладата жртва на агресијата...

Елмас и Чурлинов ја скршија цврстата Малта на „Тодор Проески“

Македонија - Малта: Ни треба победа и тоа не каква било, туку газење треба!↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=i4EBkAwsqrIНа Арената „Тодор Проески“, Македонија вечерва забележа победа против...

Шетала гола на улица со денови: Популарна актерка сместена на психијатрија (ФОТО)

Тинејџерската филмска ѕвезда Аманда Бајнс со денови бесцелно талкала низ улиците на Лос Анџелес, а потоа почнала да се шета целосно гола, по...