Орце Камчев халуцинира, рече Катица Јанева во судницата

Ексспецијалната јавна обивнителка Катица Јанева во судницата посочи дека бизнисменот Орце Камчев халуцинира, додека тој даваше исказ и кажуваше како според него бил ракетиран. Откако Камчев посочи дека од Бојан Јовановски му било понуден проект за шопинг мол, а Лазар Јанев бил потпишан на проектот, експецијалната јавна обвинителка Јанева пред сите во судницата се обрати до судијата Андреј Димовски:

„Халуцинира човекот. Халуцинира. Поарно да чита, бидејќи вака многу хауцинира“.

Пред ова, Камчев рече дека добивал понуди за градење на шопинг мол на две локации во Карпош: „За двете локации беше евидентно дека Бојан Јовановски манипулира бидејќи бев сигурен дека ниту менаџментот на Гранит ниту на Реплек (сопственици на земјиштата) не дале согласност за таков проект.

„Бојан Јовановски ми пристапи преку заеднички пријател во врска со наводна соработка да ми понуди а со крајна цел изнуда на парични средства со лажни проекти. Првиот проект беше ‘fashion malls’, концепт кој тој го измислил, а во кои ќе има модни ревии, популарни дуќани. Како да во светот нема бизнис центри и шопинг молови, па да тоа биде заштитени од Бојан. Притоа, при поднесувањето на договорот за соработка беше потпишано лицето Лазар Јанев. Со тоа Бојан сакаше да ми покаже дека ја контролира тогашната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, кажувајќи дека и тој стои позади проектот за бизнис молови. Споменувајќи дека Лазар користи возило од неговата телевизија дека со него соработува директно и слично. Потоа, продолжи со неговата измислена приказна. Откако го одбив ова барање тој беше упорен и на другите средби ми беше понудено инвестиција во старечки домови пошто јас имам луѓе кои се разбираат во таа дејност, кои организираа работен состанок на кои беа присутни луѓе од ‘Систина’. Ми беше понуден проект за носење на европски пациенти, кои 80 отсто би го пополните капацитет на истите, а ветувајќи дека преку Министерството за труд и социјала заради обезбедување на плацеви“, рече Камчев.

Камчев кажал дека смета дека Јовановски-Боки13 злоупотребувал функционери од тогашната власт, за кои знае: „дека не беа запознаени со неговите манипулации“.

ТОП ВЕСТИ

Груби-Ван дер Белен: Австрија силно го поддржува процесот на европска интеграција на Северна Македонија

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците  Артан Груби, придружуван од премиерот Димитар Ковачевски, како и други министри,...

Замрзнати и намалени цените на хигиенските производи

Владата денеска на седница донесе Одлука за определување највисоки цени за тоалетна хартија, влажни марамчиња, пелени за деца и возрасни и хигиенски влошки. Највисоките...

Маск и група експерти бараат пауза во развојот на вештачката интелигенција поради „ризици за општеството“

Илон Маск и група експерти за вештачка интелигенција повикуваат на шестмесечна пауза во развојот на системи помоќни од неодамна лансираниот GPT-4, во отворено...

Ковачевски-Белен: Потврдена одличната соработка со Австрија, Северна Македонија одлучно продолжува на патот кон ЕУ

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска оствари средба со сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен, кој престојува...

Лефков и Ковачки го злоупотребуваат пратеничкиот имунитет за навреди и дискредитации

Политичката коректност и пристојна комуникација меѓу пратениците е одамна изгубена во нашето Собрание. Наместо аргументирана дебата, факти, говорницата се користи за меѓусебни навреди и...