Ослободени 76 Украинци во размена на затвореници со Русија

Во новата размена на затвореници со Русија ослободени се 76 Украинци, објави Киев, не прецизирајќи го бројот на Русите што ѝ ги предал на Москва.

„Разменивме 60 војници, од кои 10 офицери. Шеснаесет цивили исто така се вратија дома“, се вели во телеграмата на украинската вицепремиерка Ирина Верешчук.

Ова, рече таа, е петта размена на затвореници од почетокот на руската инвазија на 24 февруари.

Во петокот, 15 април, беа разменети затвореници во јужниот регион Херсон.

Ден претходно 30 Украинци беа ослободени, а уште 26 претходно истиот месец.

На 1 април 86 украински војници беа разменети за руски затвореници.

Украинските безбедносни сили во понеделникот објавија видео од бизнисменот Виктор Медведчук, близок до Путин, барајќи тој да биде разменет за војници и цивили од опколениот Мариупол.

Истиот ден руската телевизија емитуваше апели од двајца заробени Британци, Шон Пинер и Ејден Аслин, кои тврдеа дека биле заробени за време на борбите во Украина и го повикаа британскиот премиер Џонсон да се согласи да ги замени со Медведчук.

ТОП ВЕСТИ

МНР на Косово ги повика граѓаните да избегнуваат преминување низ Србија

Косовското Министерство за надворешни работи и дијаспора апелираше до граѓаните на Косово да избегнуваат преминување преку Србија, поради ситуацијата на север во државата. „Поради ситуацијата...

Ахмети го посети семејството на Хашим Тачи: Гордо ќе го пречекаме како победник

Лидерот на ДУИ Али Ахмети го посети семејството на поранешниот косовски претседател Хашим Тачи, кој е обвинет од хашкиот трибунал за воени злосторства за...

Ѓоковиќ водеше „жестока војна“ со Давидович Фокина, но обезбеди осминафинале во Париз

Новак Ѓоковиќ успеа да обезбеди осминафинале на Ролан Гарос и тоа откако ја оправда фаворитската улога во дуелот со Алехандро Давидович Фокина. Голема битка се...

Три лица загинаа во сообраќајка кај Кадрифаково, меѓу нив и 15-годишно девојче

Три женски лица го загубија животот, а уште четири се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи денеска на автопатот Штип - Миладиновци...

Путин поттикнува немири на Балканот како нов фронт во неговата војна против Западот

ДРАГАН МИШЕВ Путин подготвува нов фронт во неговата војна против Западот. За таа цел се чини дека нема подобра опција од тоа да поттикнува...