PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

Османи, Бомгартнер и Герасимовски ќе засадат 10 садници во Паркот на Франкофонијата во Скопје

Mar 31, 2023

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, по повод одбележувањето на месецот на Франкофонијата, заедно со францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер и градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, денеска ќе засадат 10 садници во Паркот на Франкофонијата во Скопје.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

Како што најавија од МНР, на настанот ќе учествуааат и резидентните амбасадори на земјите членки на Организацијата на франкофонија, Албанија, Бугарија, Грција, Романија и Швајцарија, како и резидентните почесни конзули на земјите франкофони, Белгија и Канада.

– Воедно, учениците од француските паралелки на средните државни училишта Раде Јовчевски – Корчагин и Орце Николов, како и од Францускиот институт, ќе учествуваат со рецитирање на поеми на македонскиот поет и франкофон Ацо Шопов, и францускиот поет Виктор Иго, соопштија од МНР.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ