PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

Османи и Сарацин разговарале за Берлинскиот процес

Oct 27, 2022

Еден ден по претседателката на Европската комисија во Скопје пристигна и специјалниот пратеник на Германија за Западен балкан, Мануел Сарацин. Тој имаше денес средба со Бујар Османи, министерот за надворешни работи. Османи изразил големо задоволство од позитивниот исход од министерскиот состанок во рамки на Берлинскиот процес одржан минатата недела и усвоената декларација за имплементација на заедничкиот регионален пазар и најавеното потпишување на договорите за признавање на академски квалификации/дипломи, професионални квалификации и патување со лични карти во регионот на самитот, кој треба да се одржи на 3 ноември во Берлин.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

Османи изрази благодарност за недвосмислената поддршка на Германија за евроинтегративниот процес на Македонија и брифираше за тековниот скрининг со ЕУ.

Двајцата соговорници изразија задоволство од интензивната динамика на политички дијалог меѓу двете држави. Тие ја истакнале важната улога на НАТО во зачувување на европската и светска  безбедност во дадениот нестабилен геополитички контекст, како и важната улога на Македонија како земја претседавач на ОБСЕ во 2023 година.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ