PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

Османи- Конаковиќ: 30 години дипломатски односи

Mar 28, 2023

Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија Бујар Османи, на маргини на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите од иницијативата САД-Јадранската повелба (А5), оствари средба со министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Елмедин Конаковиќ.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

Министрите изразија особено задоволство од позитивниот развоен тренд на односите меѓу двете пријателски земји, нагласувајќи ја подготвеноста за интензивирање и продлабочување на севкупната билатерална соработка, преку конкретни проекти и иницијативи, пред сè на економски план.

„Во годината во која одбележуваме 30 години од воспоставувањето на дипломатски односи, регионот ги прави потребните чекори кон консолидација на својата Евро-Атлантска иднина, за што доказ се и процесот за преговори за членство на Северна Македонија во ЕУ и доделувањето на кандидатски статус за членство во Унијата на Босна и Херцеговина“, нагласи министерот Османи, упатувајќи уште еднаш честитки за одлуката на Европскиот совет од декември минатата година.

Министрите разменија мислења и ставови за реформските процеси во двете земји и зголемената регионална соработка и дијалог во рамките на Западен Балкан, како своевиден забрзувач на европските интеграции.

Исто така се разговараше и за мултилатералната соработка меѓу двете земји во рамките на ОБСЕ и претседавањето на нашата држава со оваа важна регионална и меѓународна организација, како и претстојната регионална турнеја на Османи на теренските мисии на ОБСЕ.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ