Османи: Нашите дипломати во Киев се во скривница, се обидуваме да ги евакуираме

Министерот за надворешни работи Бујар Османи соопшти дека постојано е во контакт со нашата амбасада во Киев, како и со наши граѓани кои се обидуваат да заминат од Украина.

– Ние сме во комуникација со нашата амбасада. За жал, ситуацијата не е добра, особено во Киев. Амбасадорот и дипломатот, и двајца други граѓани, кои се во Амбасадата, поголемиот дел од денот го поминуваат во скривница отколку во амбасадата. Не можат да отидат до нивните резиденции. Тие преспале во амбасадата. Се обидуваме да ги евакуираме. Имав контакти со мои колеги од регионот. Во Киев има околу 20-тина амбасадори од членки на ЕУ, кои исто така не можат да излезат. Киев е опколен, цела ноќ имало воздушни напади. Правиме аранжмани, која било земја која ќе обезбеди прва транспорт, да ги извадиме и нашите дипломати до Полска. Меѓутоа, тие се во комуникација со нашите граѓани во Украина. Иако вчера поголемиот дел го минале во скривница, даваат патни листови. Но, и тие кои добија патни листови, не можат да излезат, информира Османи.

Тој посочи дека со семејство со едногодишно дете, кое е во источниот дел од Украина, контактирал и директно. Османи рече дека има и неколку наши граѓани во Одеса.

– Разговарав со министерката за надворешни работи на Бугарија, бидејќи тие имаат конзулат во Одеса, да може со нивните автобуси, со кои ќе ги преземаат нивните граѓани, да ги земат и нашите. Го поврзав доцна синоќа нашиот амбасадор со бугарскиот генерален конзул во Одеса за да ги информираат нашите граѓани каде да чекаат. Во последната комуникација која ја имав со нашиот амбасадор, тој ми кажа дека не можат да го напуштат Киев, кој е опколен, рече Османи, кој изрази надеж дека во текот на денот ќе можат нашите дипломати да стигнат до Полска.

Министерот Османи рече дека никој не може да предвиди како ќе се одвива ситуацијата. Но, дека членки на ЕУ прават планови за бранови на бегалци. Според него, во моментов не би требало кај нас да има бран на бегалци оти сме малку подалеку од Украина.

– Доколку оваа состојба ескалира повеќе, може и тоа да се случи, вели Османи.

ТОП ВЕСТИ

ДУИ ќе одбележува 21 години во „Александар Палас“, Шекеринска една од говорниците

емократската унија за интеграција (ДУИ) денеска ја одбележува 21-годишнината од формирањето. Раководството на партијата, предводено од лидерот Али Ахмети и членови на партијата ќе...

Седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците

Во Собранието денеска ќе се одржат седници на две собраниски комисии и Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија. На дневен...

Тројца кинески астронаути се вратија на земјата

Кинеските астронаути од вселенското летало Шенжу-15 безбедно се вратија на Земјата во недела, 4 јуни, по мисијата на кинеската орбитирачка вселенска станица која траеше...

Претседателот на Естонија Алар Карис во Албанија од 7 до 9 јуни

Претседателот на Естонија, Алар Карис, од 7 до 9 јуни ќе престојува во Албанија на покана на претседателот на таа земја Бајрам Бегај, пишува...

(Фото) Џенифер Гарнер, бившата жена на Бен Афлек ги однесе децата на Џеј Ло во Дизниленд

Однесувањето на Џенифер Лопез и Бен Афлек  на јавни настани поттикна гласини дека има проблеми во нивната врска. Можеби неочекувано многу за нивната врска...