Министерот за надворешни работи, Бујар Османи ја добил поканата од бугарското МНР за одржување на годишен состанок на мешовитата меѓувладина комисија, но нема да присуствува.
Од македонското МНР информираа дека Османи во овој период ќе се фокусира на процесот во Собранието.
Во соопштението на Министерството се наведува дека експертите од двете министерства ќе продолжат со работа, а Софија е известена дека дека доколку се појави потреба, министерот Османи и министерката Генчовска ќе одржат онлајн средба.