Османи патува на форум со високите претставници од ЕУ

Водачите на Европската унија, министрите за надворешни работи, високи функционери и политичари ќе се соберат во Софија денеска (26-ти април) за да разговараат за чекорите за зајакнување на регионалната соработка и интеграцијата во ЕУ како дел од форумот на „ЕУ се среќава со Балканот.

Токму таму во име на Македонија патува шефот на дипломатијата Бујар Османи.

Форумот, кој на дневен ред ја става поврзаноста меѓу земјите од Западен Балкан како гарант за отпорност на новите ризици и закани, ќе се одржи во Софија Хотел Балкан, од 10:00 часот во организација на партијата АЛДЕ, со поддршка на Европскиот либерален форум и на Атлантскиот клуб во Бугарија.

Се очекува учесниците на настанот со посебни обраќања да ги поздрават Јенс Столтенберг, генерален секретар на НАТО, Роберта Мецола, претседателка на Европскиот парламент, Теодора Генчовска, министерка за надворешни работи на Бугарија и Олга Стефанишина, вицепремиер за Европа и евроатлантска интеграција.

Специјални гости на настанот ќе бидат Федерика Могерини, ректор на Колеџот на Европа и висок претставник (2014-2019) на ЕУ за надворешна политика и безбедносна политика и еврокомесарот за соседство и проширување Оливер Вархеи.

Министрите за надворешни работи на Турција, Република Македонија, Албанија, Косово и Босна и Херцеговина се очекува да разговараат за придобивките од интеграцијата на првиот панел на форумот.

Учесниците во следните дискусии ќе се фокусираат на зајакнување на регионалната соработка и интеграцијата во ЕУ, прашањето за соработката НАТО-ЕУ во контекст на војната во Украина и дезинформациите за кризата, соопштија организаторите.

ТОП ВЕСТИ

ФОТО: Сопругата на Канје Вест се појави во црква во морбидно издание

255 Раперот Канје Вест се ожени со Бјанка Сенсори пред неколку месеци, а парот привлекува големо внимание на јавни места. Така, тие се појавија во...

Анастасија Ражнатовиќ насмеана покрај Немања Гудељ по загубата на бебето

Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ се поддржуваат еден со друг и во најтешките и во најубавите денови. Српскиот пар прослави за победата на тимот...

Битиќи со германските компании: Нудиме поволно деловно опкружување, стратешки предности и силна владина поддршка

Заменикот на претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи оствари средба со делегацијата...

Шакира има НОВА ЉУБОВ? Пејачката видена на јахта со познат спортист (ФОТО)

170 Колумбиската пејачка Шакира повторно го привлече вниманието поради приватниот живот, но сега причината не е нејзиниот поранешен партнер, туку некој за кој се...

Груби присуствуваше на редовниот состанок на сите амбасадори на земјите членки на Европската Унија

Денеска се одржа редовниот состанок на сите амбасадори на земјите членки на Европската Унија во Скопје. Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем...