PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

Османи: Проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан значајно за обезбедување стабилен регион

Sep 23, 2022

Во организација на Викторија Нуланд, потсекретар за политички прашања во Стејт департментот, на маргините на 77. Генерално собрание на ОН во Њујорк, се одржа традиционалната годишна трансатлантска вечера.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

Во фокусот на разговорите беа актуелните предизвици со кои се соочува трансатлантската заедница, со посебен акцент на последиците од руската воена агресија врз Украина, справувањето со енергетската криза, зголемување на отпорноста на демократиите, како и приоритетите за дејствување во трансатлантските односи.

Во своето обраќање Османи го поздрави единството на НАТО-сојузниците во однос на бескомпромисната поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, воедно нагласувајќи ги досега преземените низа чекори и мерки во одговор на руската агресија од страна на Северна Македонија како кредибилна членка на алијансата, информираат од неговиот кабинет.

Дополнително, Османи ја нагласил потребата од забрзување на евро-атлантските интеграции на земјите од регионот на Западен Балкан како значаен влог во регионалната, но и европската стабилност.

„Проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан е особено значајно во насока на обезбедување стабилен и отпорен регион во актуелниот несигурен геополитички контекст. Воедно, со цел зачувување на регионалната, европската, но и трансатлантската безбедност, се налага и потребата од засилен ангажман и присуство на НАТО и САД на нашите простори“, заклучил Османи.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ