Остин: Светот е обединет и ја поддржува Украина во борбата против руската империјална агресија


Фото: Твитер/Лојд Остин

На денешната средба во американската воена база Рамштајн, во близина на Франкфурт, претставници од повеќе од 40 држави се согласија непречено да се доставува оружје во Украина.

Домаќинот на состанокот во Рамштајн, американскиот министер за одбрана Лојд Остин истакна дека „Украина верува дека може да победи“.

– Како што гледаме нациите ширум светот се обединети и решени да ја поддржат Украина во нејзината борба против руската империјална агресија-истакна Остин на почетокот на состанокот.

Генералот на американската армија Марк Мил изјави дека клучната цел на состанокот е да се координира зголемената безбедносна помош за Киев, која вклучува тешко вооружување, како што се хаубици, со цел да се спречат руските напади врз Источна Украина.

– Времето не е на страната на Украина. Исходот на борбата зависи од луѓето на овој состанок. Украинците ќе се борат, а ние мораме да им обезбедиме средства за тоа-посочи генерал Мили.

Според експертите руската армија сè уште има технолошка и нумеричка предност во однос на украинските сили и може да си дозволи да води долга војна во Украина и покрај санкциите од Западот. Додека пак Украина може да се пофали со висок морал, креативни и приспособливи тактики на бојното поле и познавање на теренот, како и оружје и разузнавачки информации добиени од САД и нивните сојузници.

На состанокот во Рамштајн германската министерка за одбрана Кристин Ламбрехт првпат најави испорака на тешко оружје за Украина.

ТОП ВЕСТИ

ДУИ ќе одбележува 21 години во „Александар Палас“, Шекеринска една од говорниците

емократската унија за интеграција (ДУИ) денеска ја одбележува 21-годишнината од формирањето. Раководството на партијата, предводено од лидерот Али Ахмети и членови на партијата ќе...

Седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците

Во Собранието денеска ќе се одржат седници на две собраниски комисии и Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија. На дневен...

Тројца кинески астронаути се вратија на земјата

Кинеските астронаути од вселенското летало Шенжу-15 безбедно се вратија на Земјата во недела, 4 јуни, по мисијата на кинеската орбитирачка вселенска станица која траеше...

Претседателот на Естонија Алар Карис во Албанија од 7 до 9 јуни

Претседателот на Естонија, Алар Карис, од 7 до 9 јуни ќе престојува во Албанија на покана на претседателот на таа земја Бајрам Бегај, пишува...

(Фото) Џенифер Гарнер, бившата жена на Бен Афлек ги однесе децата на Џеј Ло во Дизниленд

Однесувањето на Џенифер Лопез и Бен Афлек  на јавни настани поттикна гласини дека има проблеми во нивната врска. Можеби неочекувано многу за нивната врска...