PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

Откриена клазула во договорот на Левандовски: Ќе се активира ако постигне уште осум гола

Oct 29, 2022

[ad_1]

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

Во изминатото лето Роберт Левандовски пристигна во Барселона како големо засилување од Баерн Минхен.

Новинарот Кристијан Фалк сега откри и клазула која била вклучена во договорот помеѓу Барселона и Баерн која веќе на гигантот од Минхен му исплати 45 милиони евра. Според информациите кои ги објави Фалк Барселона ќе му исплати дополнителни 1.25 милиони евра на Баерн за секоја сезона во која полскиот голгетер ќе постигне најмалку 25 голови.

Со Барселона Левандовски потпиша договор на четири години, а тоа значи дека од оваа клазула баварците би можеле да заработат дополнителни пет милиони евра.

Досега сезонава искусниот напаѓач постигна 17 голови за екипата на Чави, па веќе е блиску и се очекува сигурно до крајот на сезоната да се активира клазулата.

Коментари
PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ