Откриена лабораторија за екстази во воена база во Белгија во која се чуваат и американски боеви глави

Белгиската полиција откри лабораторија за производство на синтетичка дрога МДМА (екстази) во воздухопловната база Клајн Брогел. Во базата на североистокот на земјата, наводно се чува и дел од американскиот нуклеарен арсенал за Европа.

Белгиските власти се дискретни во врска со податоците, иако во 2019 година пратеник на „Зелените“ пред парламентот кажа дека американските сили држат 10 до 20 нуклеарни боеви глави во воздухопловната база Клајн Брогел.

Обвинителството потврди дека локалната полиција на 22 јуни открила лабораторија за производство на дрога на воено земјиште и дека е утврдено дека во лабораторијата се произведува МДМА, синтетичка рекреативна дрога која најчесто се нарекува екстази и дека за време на вчерашната акција биле уапсени двајца осомничени.

ТОП ВЕСТИ

Руските пропагандисти со лажно видео ги „закопуваат“ паднатите украински војници во биоразградливи мешунки

Руските пропагандисти измислија ТВ сторија наводно направена од каналот 1+1. Масовните медиуми во Кремљ, сметките на Фејсбук на кинески јазик, каналите на Z-Telegram, проруските сметки на Тик-Ток и некои сајтови...

Руските дезинформации за уништен „Леопард“ со германски екипаж во македонските медиуми виа Б-92

Во очај да покаже какви – такви резултати на бојното поле, соочено со постојани загуби на територии, жива сила и воена опрема, како...

Ковачевски: Се намалува маржата на овошјето и зеленчукот, а гарантирана цена добиваат и пијалоците

Премиерот Димитар Ковачевски соопшти дека Владата одлучила да ја прошири листата на производи со „загарантирана цена“. „Списокот на производи со гарантирана цена ќе се проширува....

Меѓународен ден на Бошњаците/ Доко: Да работиме заедно за попрогресивна земја

Скопје, 26 септември – 28 септември – Меѓународниот ден на Бошњаците денеска во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците беше одбележан преку организирана...

Пендаровски на Шерец му заблагодари за словенечката поддршка за пристапувањето на нашата земја кон ЕУ

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими министерот за одбрана на Република Словенија, Марјан Шарец, кој престојува во официјална посета на земјава. На средбата беше потврдена...