Откриени мистериозни бранови на Сонцето


– Научници открија нов тип високофреквентни бранови на површината на Сонцето, што се движат трипати побрзо отколку што познавачите мислеа дека е можно. Написот е насловен „Откриени високофреквентни ретроградни виртуелни бранови на Сонцето“ и е објавен во списанието „Нејчр атрономи“ (Nature Astronomy).

Научниците забележале дека овие кружни бранови, се движат низ сончевата плазма во спротивна насока од нејзината ротација. Бидејќи стручњаците не можат толку лесно да ги анализираат длабоките области на Сонцето, тие често ги мерат акустичните бранови кои патуваат низ неговата површина и се враќаат назад кон јадрото за да откријат што се случува во непознатите области.

Но, кога, откако ги анализираа податоци од Вселената собирани 25 години преку телескопите на Земјата, открија дека овие новооткриени ХФР-бранови на површината на Сонцето се движат со невидена брзина, научниците сфатија дека тоа е голема загатка за тоа како функционира нашата ѕвезда.

Научниците првично мислеа дека овие акустични соларни бранови се создаваат близу површината на Сонцето благодарение на Кориолисовата сила која дејствува на секое тело што се движи во ротирачкиот систем. Насоката на Кориолисовиот ефект е нормална на насоката на движење на телото, како и на оската на ротација на одреден систем, а точките на екваторот на ротирачкото тело изгледаат како да се движат побрзо од точките на половите.

Експертите веруваат дека брановите по настанувњето се забрзуваат во ХФР-бранови поради три можни причини. Можеби магнетното поле на Сонцето или неговата гравитација ги забрзува Кориолисовите бранови или тоа е поттикнато од жешки конвектни струи коишто се движат под и низ сончевата површина. Но, ниту еден од овие процеси не одговара на податоците.

– Ако ХФР-брановите би можеле да се припишат на кој било од овие три процеси, тогаш би добиле одговори на важни прашања за функционирањето на Сонцето, смета физичарот Крис Хансон од Центарот за вселенска наука при Њујоршкиот Универзитет во Абу Даби.

Но, според него, најверојатно овие бранови не настануваат поради споменатите причини, што е многу загадочно и отвора дополнителни прашања.

ТОП ВЕСТИ

Винската визија на Отворен Балкан на најголемиот светски саем за вино во Верона заедно со Ковачевски, Вучиќ и Рама

– Саемот за вино „Винска визија на Отворен Балкан“ ќе биде претставен на најголемиот светски саем за вино Винитали во Верона од 2 до...

Полицијата ги пронајде двете исчезнати малолетнички Аниса и Мелиса

МВР велат дека по документирање на случајот, двете малолетнички ќе ги предадат на нивните родители Двете исчезнати девојчиња, 12-годишната Аниса и 15-годишната Мелиса, попладнево се...

Серија моќни торнада ги погодија САД: Тројца загинати. Срушен покрив на театар (ВИДЕО)

Најмалку две лица загинаа, а десетици се повредени по вчерашното торнадо во главниот град на Арканзас, Литл Рок и околината. Уште едно лице загина...

Бугарите утре по петти пат во последните две години излегуваат на гласање

Бугарите во недела излегуваат на гласање по петти пат во последните две години, длабоко поделени околу руската инвазија на Украина, земја која е традиционално...

Се очекува одлука кои видови зеленчук и овошје ќе бидат со замрзнати цени

Кои видови овошје и зеленчук ќе бидат со замрзнати цени, Владата треба да соопшти овие денови.Министерот за економија Крешник Бектеши рече дека тоа најверојатно...