Откриени нови мини во морето, деминерите на штрек


Се разбрануваа водите на Црно Море

Романскиот воен нуркачки тим работи на деактивирање мина што е откриена на околу 70 километри од брегот на Црно Море, соопшти романското министерство за одбрана. Тоа е една од неколкуте мини пронајдени како пловат во Црно Море во изминатите неколку дена, истакнува „Ројтерс“.
Миночистачот и контролен брод „Вицеадмирал Константин Белеску“, заедно со група нуркачи за деминирање, е во мисија да истражува и да интервенира во поморска област на околу 39 наутички милји (70-72 км) од брегот на Црно Море, спроти Муселс, објавија романските медиуми.
„Пријавено е дека таму има подвижна морска мина“, соопшти Министерството за национална одбрана на Романија.
Претходно вчера тимови за подводна одбрана на турската војска (САС) обезбедија уште една мина во близината на границата со Бугарија, а потоа работеа на нејзино онеспособување, соопшти тамошното министерство за одбрана. Во соопштението се наведува дека стручните тимови успеале да ја тргнат мината пронајдена кај Игнеада во близината на границата со Бугарија и дека работат на нејзино неутрализирање.
Како што соопшти Координативниот центар за поморско спасување – Варна, Бугарија, тие од Турскиот центар за спасување добиле информација дека турскиот брод „ТОМРИЗ-А“ пријавил водна мина околу 6 часот (бугарско време), на околу 37 наутички милји источно – југоисточно од Галата. По ова, беше соопштено дека Воената морнарица ќе ја прегледа областа со хеликоптер и по потреба ќе испрати брод со специјална група за уништување на мината.
Дополнително, во саботата турските специјалци деактивираа уште една мина, предизвикувајќи силна експлозија северно од Истанбул.
Руската федерална служба за безбедност претходно соопшти дека украинската армија по почетокот на војната поставила околу 420 пловечки мини на приодите кон пристаништата во Одеса, Очаков, Черноморск и Јужни, а притоа неколку мини впловиле во морето откако ги откинале каблите во близината на украинските пристаништа, што Киев го отфрли како дезинформација и обид за затворање делови од морето.
Босфорот, кој ги поврзува Црно и Мраморно Море, во саботата беше затворен откако беше забележан пловечки објект налик на противбродска мина, која подоцна беше „неутрализирана“.
Турција ги најде направите по предупредувањето дека мините поставени на влезовите во украинските пристаништа би можеле да завршат во Црно Море и најави координација со Москва и со Киев за тоа прашање.

ТОП ВЕСТИ

Османи: Не е чесно кон Али Ахмети ова што му го прават „огнените“

Министерот за надворешни работи Бујар Османи вечерва гостува во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 каде разговараме на теми поврзани со уставните измени, тензиите...

Меси бара гаранции пред да потпише нов договор

Дерби викенд: Ел Класико, дерби на Италија и битка за Рим!↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=kYZHtJOH0ugЛионел Меси се уште не одлучил каде ќе игра следната сезона, но...

Груби во Топ Тема: Ние работиме цело ВМРО – ДПМНЕ да гласа за уставните измени

„Не сум оптимист туку сум убеден планот е амбициозен и има скетпици и разни математики но, знаете дека до сега се што сме кажале...

Груби: Вчерашниот настан е потврда дека огранокот на ДУИ во Чаир е позади Али Ахмети

Вчерашниот настан е потврда дека огранокот на ДУИ е позади Али Ахмети, не е позади Артан Груби, ниту позади Изет Меџити, рече Артан Груби...

Груби: Автопатот Тетово-Гостивар ќе биде целосно нов

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби говорејќи за изградбата на Коридорот 8  рече дека на...