Отворањето на бугарскиот културен центар Ванчо Михајлов се уште е топ тема, има бројни реакции

НЕ СТИВНУВААТ РЕАКЦИИТЕ ЗА ОТВОРАЊЕТО НА БУГАРСКИОТ КЛУБ ВАНЧО МИХАЈЛОВ ВО БИТОЛА

Отворањето на бугарскиот културен центар Ванчо Михајлов во Битола се уште е топ тема.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ја повика Европската унија(ЕУ) да стави крај на фашизоидните и хегемонистички намери на нашиот источен сосед.

Срамна и нечесна е изјавата на Јотова, вели Стојко Стојков од ОМО Илиден Пирин.

Овие неколку денови слушаме остри реакции околу името на културниот центар Иван Михајлов. Јавноста со право реагира, вели екс министерката за правда, Рената Дескоска.

Oд Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) реагираат дека Преспанскиот договор ги отвори портите да не играат како што сакаат и додаваат дека посетата на бугарските политичари Кирил Петков, Илијана Јотова, Теодора Генчовска и Екатерина Захариева е последица на тој договор.

ПЕНЗИОНИРАН ПОЛИЦАЕЦ МУ СЕ ЗАКАНУВАЛ НА СПАСОВСКИ

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против пензиониран полициски службеник од Скопје за кого постои сомнение дека сторил кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

„Осомничениот, од својот мобилен телефон, се јавил во полициска станица во Центар со закана дека ќе биде убиен министерот за внатрешни работи, по што веднаш ја прекинал врската. Откако бил идентификуван и лоциран, бил извршен претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени еден карабин марка Ц3 со калибар 8Х57, пиштол марка „Чешка Зброевка“ со калибар 7,65мм, пиштол марка „Смит енд Весон“ модел 38/2, повеќе куршуми од различни калибри, еден пар лисици и телескопска палка.

ШТРАЈКОТ НА ПРОСВЕТНИТЕ РАБОТНИЦИ ПРОДОЛЖУВА

Како што и се очекува, почна „војна на социјалните мрежи“ поврзана со штрајкот на професорите, наставниците и воспитувачките, организиран од СОНК и нивниот лидер Јаким Неделков.

Пратеникот од редовите на СДСМ, Ненад Коциќ на социјалните мрежи објави прашање: Дали е точно дека Јаким Неделков од СОНК зема плата од 68.918 денари?

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Пописот кој лани беше спроведен во земјава, а чии резултати без презентирани при крајот на март годинава, покажа дека во Македонија 207 населени места се без ниту еден жител. Од еден до друг попис имаме плус 60 празни населени места.

Се зголемува притисокот и врз воспитнообразовните установи откако СОНК и Владата не се договорија и штрајкот продолжува и денеска. На стартот на втората недела од прекинот на наставата и протестот во градинките, за денеска се најавува дека поголем број родители од некои скопски градинки ќе ги носат своите деца во градинка.

Без да остави воопшто и период дежурните политички кулоари да почнат да нагаѓаат кој ќе го замени Мухамед Зекири на местото генерален секретар, откако против него беше отворена истрага и заврши во притвор, по што и експресно си поднесе оставка од функцијата и беше разрешен, Владата го именуваше Методија Димовски за нов прв човек на оваа позиција.

Највисоката (пондерирана) каматна стапка при споредба на шест типа депозити во понуда за домаќинства носела каматна стапка од 1,76 отсто. Станува збор за долгорочен денарски депозит (без валутна клаузула).

И денеска продолжува штрајкот на вработените во основните и во средните училишта низ целата земја. Нема договор меѓу СОНК и Владата. Понуденото зголемување на платите од 10 отсто е неприфатливо за повеќе од 500 синдикални организации кои се под капата на СОНК.

ТОП ВЕСТИ

Претседателот на ДУИ го назначи Рафис Алити за кординатор на огранокот на ДУИ во Сарај

Претседателот на Демократската унија за интеграција, во рамките на неговите законски овластувања, го назначи Рафис Али за координатор на огранокот на ДУИ во Сарај,...

Неверојатна сличност: Помладата ќерка на Адријана Лима и Марко Јариќ е копија на нејзиниот татко (ФОТО)

Адријана Лима и Марко Јариќ во седумгодишниот брак добија две ќерки Валентина (13) и Сијена (10). И иако манекенката и поранешната кошаркар се...

Детали од МВР за големата акција: Уапсени двајца арачиновци, спречен транспорт на дрога во вредност од 100.000 евра

Денеска од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога и опасни материи - Единица за...

Маж влетал со автомобил меѓу пешаци на аеродромот во Келн, има повредени

Педесет и седумгодишен маж со автомобил влетал во пешаци во паркинг гаража на германски аеродром при што повредил неколку лица, соопшти полицијата, пренесува Дојче...

Полициска акција на наплатната рампа кај Тетово, запленета голема количина дрога, уапсени дилери

На наплатната рампа пред Тетово, на автопатот Гостовар-Тетово утрово околу 7 часот, полицијата заплени големо количество дрога и уапси двајца оосмничени дилери, информираа за...