PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

Отворена нова подрачна канцеларија на Меѓуопштинскиот центар за социјални работи – Македонски Брод во општина Пласница

Jul 22, 2022

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, заедно со градоначалникот на општина Пласница, Алија Јаоски, и директорот на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа – Македонски Брод, Синиша Радески, го означи почнувањето со работа на новата канцеларија на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа – Македонски Брод.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

МТСП: Нова подрачна канцеларија на Меѓуопштинскиот Центар за социјални  работи, Македонски Брод во Општина Пласница - Јавна Администрација

Отворањето на подрачната канцеларијата за социјални работи е од особено значење за жителите на општина Пласница, кои повеќе нема да патуваат до Македонски Брод за аплицирање за социјалните права и користење услуги од системот на социјална заштита.

Тоа ќе може да го направат во своето место на живеење.
Станува збор за приближно 900 корисници на правата од системот на социјална заштита и корисници на социјални услуги, на кои им се олеснува целиот процес.

Просториите за канцеларијата се отстапени од страна на Општина Пласница, а опремата за функционирање на канцеларијата е обезбедена од Министерствoто за труд и социјална политика.

Соговорниците разговараа и на тема детска заштита. Во моментот во Пласница има Центар за ран детски развој, а се разговараше за потребата од детска градинка во ова населено место.

Воспоставувањето социјални услуги преку проектот за подобрување на социјалните услуги исто така беше тема на денешната средба со градоначалникот Јаоски.

Министерката информира дека набргу ќе биде објавен нов повик за аплицирање и ја повика Општина Пласница да се јави на повикот и да воспостави социјална услуга, која е во согласност со потребите на жителите на оваа општина.

Присутните на средбата се согласија на понатамошна плодна соработка со цел унапредување на социјалните услуги и нивното доближување до граѓаните.​

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ