Бугарскиот европратеник и известувач за Република Северна Македонија во Европскиот парламент, Илхан Ќучук денеска во интервју за БТВ истакна дека се осмелува да каже дека Договорот за добрососедство што беше потпишан во 2017 година бил добра причина за започнување на историски тежок разговор.
Според него, истиот мора да даде и перспектива на односите меѓу Македонија и Бугарија.
„Сега малку по малку се вративме на прагматичниот процес наречен 4 + 1. Четирите работи се јасни од почеток, а единството е ново барање, односно Бугарите да бидат вклучени во преамбулата на македонскиот устав. И ова е фер барање“, коментира Кучук.