Папандреу: Крајно време е Северна Македонија и Албанија да почнат преговори со ЕУ

Сега е вистинско и крајно време да работиме со позабрзано темпо за зачленување на Република Северна Македонија и Република Албанија во Европската унија, смета поранешниот грчки премиер и шеф на дипломатијата Јоргос Папандреу.

Одговарајќи на новинарски прашања во рамките на Македонски енергетски форум 2022 што денеска и утре се одржува во Охрид, забележа дека кризата во Украина укажала на потребата за посилна политичка волја за отворање на процесот за члентво во ЕУ и зачленување на Северна Македонија и Албанија.

– Чекавме навистина предолго за да ја приближиме Северна Македонија и Западниот Балкан поблиску до ЕУ. Сега е вистинско време и крајно време е да работиме со позабрзано темпо. Оваа криза, особено кризата во Украина укажа дека во моментот потребна е уште посилна политичка волја за отворање на ЕУ, односно отворање на процесот за члентво во ЕУ и зачленување на РСМ и Албанија, рече Папандреу, кој во својство на министер за надворешни работи на Грција ја потпиша т.н. Солунска декларација за иднината на Западниот Балкан.

Потсети за несогласувањата на двете држави, но дека сега се надминати, а истото го препорачува за надминување на блокадата од соседна Бугарија

– Имавме несогласувања во минатото. Нашите две држави, Грција и Северна Македонија, но со тешки политички жртви беа надминати. Истото би го апелирал, препорачал и со Бугарија, односно мора да водиме и навистина имаме една прекрасна заедничка иднина, рече Папандреу.

ТОП ВЕСТИ

Во Драч запленети непријавени над 250 илјади евра

Албанската полиција во пристанишниот град Драч запленила 251.295 евра и поголема количина медикаменти, кои не биле пријавени според важечките албански закони. – Тоа во рамки...

Софи Тарнер и Џо Џонас нема да се разведат мирно, претстои грда борба

87 Се чини дека ситуацијата околу разводот на Џо Џонас и Софи Тарнер ќе се вжешти, а упатени извори тврдат дека ова е само...

Бочварски: Примената на Еврокодовите во градежништвото ќе ја зголеми конкурентноста на домашните компании во Европа 

Министерот Благој Бочварски денеска се обрати на конференцијата посветена на Еврокодовите – нови стандарди за проектирање и градење на сите видови на градежни конструкции....

Груби: Над 2.000 вработувања во Кичево, Тетово, Струга, Гостивар, Битола… АПЛИЦИРАЈТЕ!

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби на својата официјална Фејсбук страница објави дека Саемот за...

ПОТВРДЕНО: Леонардо ди Каприо во врска со 23 години помлада манекенка

88 Познатиот актер официјално е во врска со 23 години помладата манекенка Виторија Черети, потврди извор близок на парот. Двојката е видена низ САД и...