Папата апелираше за хуманитарни коридори за евакуација на цивилите од Мариупол


Фото: Влада

Папата Франциско денеска го повтори повикот за воспоставување хуманитарни коридори за евакуација на цивилите од украинскиот град Мариупол, кој, како што рече, беше „варварски бомбардиран и уништен“.

– Моите мисли се со украинскиот град Мариупол, градот  што е варварски бомбардиран и уништен. Го повторувам повикот да се отворат обезбедени хуманитарни коридори – нагласи папата за време на неделната молитва во Ватикан.

Од Мариупол, кој беше речиси целосно уништен по неколкунеделна опсада, првата група цивили вчера излезе од челичарницата Азовстал, последното упориште на украинскиот отпор во тој град.

Според украинскиот баталјон Азов, евакуирани се дваесетина цивили, што е прва успешна евакуација по неуспешните претходни обиди. Од друга страна, руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека две групи цивили од 25 и 21 лице успеале да го напуштат Азовстал, каде стотици украински војници и цивили биле засолнети во подземните премини кон Киев.

Зборувајќи за војната во Украина, Папата ја осуди „мрачната регресија на човештвото“.

ТОП ВЕСТИ

ФОТО: Сопругата на Канје Вест се појави во црква во морбидно издание

255 Раперот Канје Вест се ожени со Бјанка Сенсори пред неколку месеци, а парот привлекува големо внимание на јавни места. Така, тие се појавија во...

Анастасија Ражнатовиќ насмеана покрај Немања Гудељ по загубата на бебето

Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ се поддржуваат еден со друг и во најтешките и во најубавите денови. Српскиот пар прослави за победата на тимот...

Битиќи со германските компании: Нудиме поволно деловно опкружување, стратешки предности и силна владина поддршка

Заменикот на претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи оствари средба со делегацијата...

Шакира има НОВА ЉУБОВ? Пејачката видена на јахта со познат спортист (ФОТО)

170 Колумбиската пејачка Шакира повторно го привлече вниманието поради приватниот живот, но сега причината не е нејзиниот поранешен партнер, туку некој за кој се...

Груби присуствуваше на редовниот состанок на сите амбасадори на земјите членки на Европската Унија

Денеска се одржа редовниот состанок на сите амбасадори на земјите членки на Европската Унија во Скопје. Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем...