Папата Франциск пристигна во четиридневна посета на Словачка

Папата Франциск денеска, по кратката посета на Будимпешта, пристигна во Словачка во четиридневна официјална посета на земјата, каде што ќе се сретне со преживеаните од холокаустот и припадниците на ромската заедница.

Светиот Отец во Братислава беше пречекан од словачката претседателка Зузана Чапутова.

Во чест на Папата, во моментот кога авионот со кој пристигна ја допре пистата, ѕвоната на 2.627 католички цркви истовремено заѕвонија низ целата земја.

Папата Франциск утре треба да се сретне со членовите на еврејската заедница, меѓу кои и со преживеаните од холокаустот.

Во вторник, Папата ќе ги посети посиромашните делови на земјата. Таму ќе се сретне со припадниците на ромската заедница, а во среда ќе се врати во Братислава и ќе предводи миса на отворено во местото за аџилак Шаштина.

ТОП ВЕСТИ

Османи: Не е чесно кон Али Ахмети ова што му го прават „огнените“

Министерот за надворешни работи Бујар Османи вечерва гостува во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 каде разговараме на теми поврзани со уставните измени, тензиите...

Меси бара гаранции пред да потпише нов договор

Дерби викенд: Ел Класико, дерби на Италија и битка за Рим!↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=kYZHtJOH0ugЛионел Меси се уште не одлучил каде ќе игра следната сезона, но...

Груби во Топ Тема: Ние работиме цело ВМРО – ДПМНЕ да гласа за уставните измени

„Не сум оптимист туку сум убеден планот е амбициозен и има скетпици и разни математики но, знаете дека до сега се што сме кажале...

Груби: Вчерашниот настан е потврда дека огранокот на ДУИ во Чаир е позади Али Ахмети

Вчерашниот настан е потврда дека огранокот на ДУИ е позади Али Ахмети, не е позади Артан Груби, ниту позади Изет Меџити, рече Артан Груби...

Груби: Автопатот Тетово-Гостивар ќе биде целосно нов

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби говорејќи за изградбата на Коридорот 8  рече дека на...