Папата Франциско се извини за злоупотребата на домородците во канадските училишта

Претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола во Киев изјави дека Европејците стојат покрај Украина и ќе ѝ помогнат да ги обнови нејзините градови по завршувањето на војната со Русија.

Роберта Мецола, претседателка на Европскиот парламент од јануари, рече дека институцијата ќе ги поддржи напорите на Украина да го започне процесот за пристапување во Европската Унија.

„Ве молам, верувајте ми кога велам дека Европскиот парламент, Европската Унија и европските граѓани стојат покрај Украина. Затоа сум овде денес, бидејќи сме со вас“, рече таа по пристигнувањето во главниот град Киев.

Таа ѝ вети три работи на Украина.

„Прво, криминалната инвазија на претседателот Владимир Путин на Украина ја доведува Русија во директна конфронтација со Европа, меѓународната заедница и светскиот поредок заснован на правила. Ова не е нешто што ќе му дозволиме да го направи без отпор“, рече таа.

„Второ, Европската Унија ги препознава вашите европски амбиции и вашите аспирации да бидете земја кандидат. И можете да сметате на целосната поддршка од Европскиот парламент во постигнувањето на оваа цел“, додаде таа.

„Трето, ќе ви помогнеме да ги обновите вашите градови кога ќе заврши оваа незаконска, неиспровоцирана и непотребна војна. Ние веќе обезбедивме финансиска, воена и хуманитарна помош. Ова ќе продолжи и ќе се зголемува“, рече таа на заедничкиот брифинг со Руслан Стефанчук, претседател на Врховната Рада, украинскиот парламент.

Стефанчук рече дека со Мецола разговарал за натамошни меѓународни санкции против Русија, хуманитарна и воена помош за Украина и процедури за пристапување во ЕУ.

ТОП ВЕСТИ

Сити спреми нов договор, Халанд најплатен во Премиер лигата

Македонија - Малта: Ни треба победа и тоа не каква било, туку газење треба!↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=i4EBkAwsqrIЕрлинг Халад во својата прва сезона во дресот на...

Најневеројатен шверц на луѓе, на српските цариници не им се верувало дека е можно

Неверојатна сцена синоќа доживеале цариниците во Градина. Имено тие ја отвориле хаубата на еден автомобил и внатре виделе жена скриена меѓу моторот и ладилникот...

Почнува летното сметање на времето

Стрелките на часовникот ноќеска во два часот ќе покажуваат три часот. Со промената на сметањето на времето почнува летното сметање на времето и ќе...

Груби: Не сметам, знам дека има пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои би ги поддржале уставните измени 

Одговарајќи на новинарско прашање во врска со изјавите шшто доаѓаат од ВМРО-ДПМНЕ дека на власта и недостигаат 10 пратеници за усвојување на уставните измени,...

Ал Пачино на романтична вечера со 54 години помладата партнерка (ФОТО)

Холивудскиот актер Ал Пачино ужива во љубовта со пет децении помладата партнерка. Ал Пачино е снимен за време на романтичен состанок со неговата 54...