ПЕНДАРОВСКИ – МИШЕЛ: ФРАНЦУСКИОТ ПРЕДЛОГ ОВОЗМОЖУВА ОТВАРАЊЕ НА ПРВАТА ФАЗА ОД ПРИСТАПНИТЕ ПРЕГОВОРИ

Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари средба со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, кој престојува во еднодневна посета на Република Македонија.

На средбата се разговараше за актуелните политички случувања во Македонија, за предизвиците во однос на европските перспективи на земјава и за предлогот на ЕУ за почеток на пристапните преговори со Европската Унија.

Претседателот Пендаровски ја поздрави посетата на Мишел, карактеризирајќи ја како показател за посветеноста на Европската Унија и информираше за текот на широкиот консултативен процес кој се води во однос на францускиот предлог, како и за атмосферата во нашето општество по тоа прашање.

Двајцата претседатели се согласија дека прифаќањето на францускиот предлог ќе овозможи отворање на првата фаза од пристапните преговори, со што фактички ќе се одблокира ЕУ интеграцијата на нашата земја. Покрај ова, отворањето на првата фаза ќе претставува натамошен поттик за напредокот и просперитетот на Македонија, но ќе има позитивно влијание и врз севкупните состојби на Западен Балкан.

Соговорниците разменија мислења во контекст на загриженоста која постои кај граѓаните во однос на идентитетските прашања, за што претседателот Пендаровски потенцираше дека македонскиот јазик и идентитет мора да бидат почитувани и гарантирани од страна на ЕУ

ТОП ВЕСТИ

(ВИДЕО) Огромен пожар во фабрика во Осиек: Да не се излегува, може да има канцерогени материи

Околу 40 минути по полноќ избувна пожар во дворот на компанија во населбата Бријест во Осиек. Пластична маса и амбалажа гори, извести полицијата. Децата од...

Вјоса Османи за Си-ен-ен: Ако не се соочи со мерки, Србија би можела да го повтори насилството врз остатокот од регионот

Одговорноста за нападот во Бањска ја презеде поранешниот потпретседател на Српската листа, Милан Радоичиќ, кој во вторникот беше сослушан во белградското обвинителство, но косовската...

(Видео) Автобусот кај Венеција паднал од височина од 30 метри

Дваесет и едно лице загина, меѓу кои две деца, а 15 се повредени, од кои пет потешко, кога автобус со туристи падна од надвозник...

Трагедија во Нови Сад, човек паднал од кран и починал на лице место

Непознат маж паднал од кран на голема височина во Нови Сад и починал на лице место. Брзата помош веднаш интервенирала. „На лице место е констатирана смрт“,...

Битиќи и Бектеши на средби во ЕБРД: Поддршка за реализација на енергетски проекти за забрзана енергетска трансформација

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, и министерот за економија, Крешник Бектеши, денеска, во Лондон, остварија средба со генералната директорка во Европската банка за...