Пендаровски од „Охридско лето“: Од уметност на живеење денес дојдовме до уметност на преживување

 „Најтрагично е што стануваме имуни на туѓото страдање и на туѓата болка, а сочувството и солидарноста исчезнуваат од нашите животи како реликти на некое минато време. Од уметност на живеење денес дојдовме до уметност на преживување“, рече претседателот Стево Пендаровски на синоќешното отворање на 62. издание на „Охридско лето“.

Прашање е, рече тој, како воопшто човековата цивилизација се најде во ваква безизлезност и покрај сите мрачни историски лекции и преживеани катастрофи. „Меѓутоа, далеку поважно е прашањето и одговорот на него: Што е она што повторно може да го хармонизира и облагороди животот, да го врати значењето на етиката, да ја актуализира хуманоста“?

Пендаровски посочи и дека во епохата на информациско-технолошки и научен развој, наместо луѓето да бидат посигурни и посреќни, живеењето на многу места во светот се претвора во борба за власт, доминација над другите и во опседнатост со материјалното. „Сведоци сме на воени конфликти, глобални здравствени закани, непочитување на човековите права и слободи, понижување на достоинството, тектонско изместување на вредностите и губење на моралниот компас“, подвлече Пендаровски.

Тој му оддаде признание на шестдецениското постоење на фестивалот „Охридско лето“ и го потенцираше значењето што на програмата се присутни и врвни македонски музички и театарски уметници, чии што креации ѝ се добро познати и на домашната и на светската публика.

 

ТОП ВЕСТИ

Вјоса Османи за Си-ен-ен: Ако не се соочи со мерки, Србија би можела да го повтори насилството врз остатокот од регионот

Одговорноста за нападот во Бањска ја презеде поранешниот потпретседател на Српската листа, Милан Радоичиќ, кој во вторникот беше сослушан во белградското обвинителство, но косовската...

(Видео) Автобусот кај Венеција паднал од височина од 30 метри

Дваесет и едно лице загина, меѓу кои две деца, а 15 се повредени, од кои пет потешко, кога автобус со туристи падна од надвозник...

Трагедија во Нови Сад, човек паднал од кран и починал на лице место

Непознат маж паднал од кран на голема височина во Нови Сад и починал на лице место. Брзата помош веднаш интервенирала. „На лице место е констатирана смрт“,...

Битиќи и Бектеши на средби во ЕБРД: Поддршка за реализација на енергетски проекти за забрзана енергетска трансформација

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, и министерот за економија, Крешник Бектеши, денеска, во Лондон, остварија средба со генералната директорка во Европската банка за...

Српската полиција го уапси Милан Радоичиќ

Поранешниот претседател на Српската листа минатата недела одговори на поканата на државните органи на Србија и даде изјава за околностите за трагичниот настан во...