PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

Пендаровски во подгорица на средби со Ѓукановиќ, Кривокапиќ и Абазовиќ

Apr 12, 2022

Претседателот Стево Пендаровски претпладнево со највисоки државни и воени почести беше пречекан во Подгорица од црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ, со што ја почна дводневната официјална посета на Црна Гора.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

Двајцата претседатели ќе одржат тет-а-тет средба, по што е предвиден пленарен состанок на делегациите на Република Македонија и Црна Гора и заедничка прес-конференција на Пендаровски и Ѓукановиќ.

Во рамки на посетата, Пендаровски ќе има средби и со црногорскиот премиер Здравко Кривокапиќ и со Дритан Абазовиќ, заменик премиер и мандатар за состав на нова Влада на Црна Гора.

Во Бар утре ќе се одржи свечена церемонија на која претседателот Пендаровски ќе му ја предаде спомен-плочата на Владимир и Косара на црногорскиот претседател Ѓукановиќ, во знак на силното пријателство и културно-историската врска меѓу Македонија и Црна Гора.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ