Пензиониран полициски службеник му се заканувал на министерот Спасовски

Скопското јавно обвинителство поведе постапка против пензиониран полициски службеник од Скопје кој му се заканувал на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Тој од својот мобилен телефон, се јавил во полициска станица во Центар со закана дека ќе биде убиен министерот за внатрешни работи, по што веднаш ја прекинал врската.

Откако бил идентификуван и лоциран, бил извршен претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени еден карабин марка Ц3 со калибар 8Х57, пиштол марка „Чешка Зброевка“ со калибар 7,65мм, пиштол марка „Смит енд Весон“ модел 38/2, повеќе куршуми од различни калибри, еден пар лисици и телескопска палка.

Обвинителството соопшти дека пензионираниот полициски службеник и претходно е осудуван за други кривични дела и дека поради сериозноста на заканите е побаран притвор. ​​

ТОП ВЕСТИ

Чоколадно смути со овошје

Состојки: (за 2 лица) – 1 зрела банана (замрзната) – 5 јагоди (замрзнати) – 2 дл млеко или бадемово млеко – 1 лажичка ванилин шеќер – 2 лажици какао –...

Пентагон го демантира „Волстрит журнал“, Кинезите не граделе шпионска станица во Куба

Пентагон не е запознаен со кинеско-кубанскиот план за формирање кинеска шпионска станица за електронско прислушување на територијата на Куба. Портпаролот на Министерството за одбрана, Пет...

Ким Кардашијан има ново момче: Мистериозниот маж го носела во ресторан во кој одела со бившиот

Ријалити ѕвездата Ким Кардашијан откри дека се гледа со мистериозен маж, а за да го скрие неговиот идентитет, му го дала прекарот „Фред“. Најпознатата старлета...

(Видео) Невреме во Белград: од силните громови испукале стаклата на автомобилите

Силно невреме го зафати синоќа Белград и направи хаос. Според снимките кои беа објавени на социјалните мрежи, грмотевиците биле многу силни и имало во...

Претреси во Битола, пронајдени пиштол, муниција, украдени предмети

На 08.06.2023 полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола го лишиле од слобода К.Ј.(26) од Битола. При претрес во неговиот дом,...