Нашиот најдобар кошаркар и претседател на КФМ, Перо Антиќ и манекенката Катарина Ивановска, веќе некое време се во емотивна врска, но не беа отворени на таа тема, па постојано имаа доза на резерва во одговорите.
Ретко може да видиме нивни заеднички фотографии на социјалните мрежи, но овој пат Перо на Инстаграм објави фотографија на која се стиснати еден до друг.
Инаку, парот пред некое време беше во Бодрум каде Катарина сподели неколку фотографии од плажа, а посебно внимание привлече онаа на која таа лежи на грбот на Перо Антиќ.