Петков: Привршуваат тестовите на гасната интерконекција меѓу Бугарија и Грција


Фото: Влада

Тестовите на гасната интерконекција Грција-Бугарија се при крај, изјави бугарскиот премиер Кирил Петков во Александрополис. Тој изрази надеж дека многу брзо ќе има вистински гас.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Петков, по увидот на дел од новонастанатата гасна интерконекција меѓу Бугарија и Грција во регионот на Комотини, во Александрополис рече дека преку приклучокот гас може да протече пред септември годинава.

Според него, досега тестовите не покажале никакви дефекти.

– До крајот на јуни целиот проект од бугарска и грчка страна треба да биде завршен. Со овој проект, ризикот дека Газпром може да го исклучи бугарскиот гас е значително намален. Цените за бугарските потрошувачи ќе бидат добри – рече Петков.

Тој ја посети мерната станица за гас, каде потврди дека и грчкиот премиер Киријакос Мицотакис како приоритет најавил завршување на проектот.

Интерконекторот треба да ги поврзе мрежите за пренос на гас на двете соседни земји, обезбедувајќи пристап до Јужниот гасен коридор и голем број нови извори на природен гас. ИГБ има вкупна должина од 182 километри, од кои повеќето се на бугарска територија.

ТОП ВЕСТИ

ДУИ ќе одбележува 21 години во „Александар Палас“, Шекеринска една од говорниците

емократската унија за интеграција (ДУИ) денеска ја одбележува 21-годишнината од формирањето. Раководството на партијата, предводено од лидерот Али Ахмети и членови на партијата ќе...

Седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците

Во Собранието денеска ќе се одржат седници на две собраниски комисии и Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија. На дневен...

Тројца кинески астронаути се вратија на земјата

Кинеските астронаути од вселенското летало Шенжу-15 безбедно се вратија на Земјата во недела, 4 јуни, по мисијата на кинеската орбитирачка вселенска станица која траеше...

Претседателот на Естонија Алар Карис во Албанија од 7 до 9 јуни

Претседателот на Естонија, Алар Карис, од 7 до 9 јуни ќе престојува во Албанија на покана на претседателот на таа земја Бајрам Бегај, пишува...

(Фото) Џенифер Гарнер, бившата жена на Бен Афлек ги однесе децата на Џеј Ло во Дизниленд

Однесувањето на Џенифер Лопез и Бен Афлек  на јавни настани поттикна гласини дека има проблеми во нивната врска. Можеби неочекувано многу за нивната врска...