PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

Петков се надева дека воената помош за Украина ќе помине во бугарскиот парламент

Apr 28, 2022

[ad_1]

Кирил Петков (лево) и украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба/Фото: Влада на Бугарија
PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

Бугарскиот премиер Кирил Петков денеска изјави дека се надева оти парламентот во Софија следната недела ќе донесе одлука за испраќање воена помош за Украина.

– Не можеме да бидеме рамнодушни. Не можеме да кажеме дека ова е украински проблем, не можеме да кажеме дека некои луѓе умираат без да се интересираат за тоа – изјави Петков за време на посетата на украинскиот град Бородјанка.

Бугарија изнајде итар начин како да се држи настрана од вооружувањето на Украина

Тој го критикуваше аргументот на некои политичари во Бугарија кои тврдат дека неиспраќањето воена помош за Украина ќе придонесе за побрз мир.

– Ако ова е цената на мирот, ако руската држава продолжи да пука и никој не може да се одбрани, дали е ова мирот што го сакаме? – додаде тој.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ