Петков за одлуката на „Газпром“: Ова е еднострана уцена на Москва


Бугарскиот премиер Кирил Петков изјави дека одлуката на Русија за прекин на испораката на гас за Бугарија е уцена и дека Софија ги разгледува сите договори со „Гаспром“, вклучително и транзитот на руски гас за Србија и Унгарија.

„ Предупредувањето на Русија да ја прекине испораката на гас за Бугарија поради барање за промена на шемата за плаќање е сериозно кршење на постоечкиот договор и претставува уцена“, рече Петков.

Петков изјави дека разговарал со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која го уверила дека 27-члениот блок ќе има заеднички одговор на дејствијата на Русија.

Рускиот енергетски гигант „Гаспром“ утринава објави дека целосно ја прекинал испораката на гас за Бугарија и Полска бидејќи тие одбиле да исплатат во рубљи за гасот што им бил доставен во април.

За одлуката на „Гаспром“ претходно денеска зборуваше и бугарскиот министер за енергетика Александар Николов, кој на новинарите им рече дека Софија ги платила сите количини на гас за април и дека руската компанија ќе го прекрши сегашниот договор доколку го запре протокот на гас.

Според него, Софија наскоро ќе знае дали гасот што се добива преку Турција ќе биде прекинат, рече Николов.

Тој нагласи дека Бугарија, членка на ЕУ и НАТО, ќе го почитува ставот на Европската комисија, која ги повикува земјите да не плаќаат руски гас во рубљи, што, како што вели, го бара рускиот претседател Владимир Путин.

Бугарија исполнува повеќе од 90 отсто од потребите за снабдување со гас од Русија според долгорочниот договор кој истекува кон крајот на оваа година.

ТОП ВЕСТИ

ФОТО: Сопругата на Канје Вест се појави во црква во морбидно издание

255 Раперот Канје Вест се ожени со Бјанка Сенсори пред неколку месеци, а парот привлекува големо внимание на јавни места. Така, тие се појавија во...

Анастасија Ражнатовиќ насмеана покрај Немања Гудељ по загубата на бебето

Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ се поддржуваат еден со друг и во најтешките и во најубавите денови. Српскиот пар прослави за победата на тимот...

Битиќи со германските компании: Нудиме поволно деловно опкружување, стратешки предности и силна владина поддршка

Заменикот на претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи оствари средба со делегацијата...

Шакира има НОВА ЉУБОВ? Пејачката видена на јахта со познат спортист (ФОТО)

170 Колумбиската пејачка Шакира повторно го привлече вниманието поради приватниот живот, но сега причината не е нејзиниот поранешен партнер, туку некој за кој се...

Груби присуствуваше на редовниот состанок на сите амбасадори на земјите членки на Европската Унија

Денеска се одржа редовниот состанок на сите амбасадори на земјите членки на Европската Унија во Скопје. Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем...