PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

ПЛ: Роналдо беше стартер, „нула“ на Јунајтед, Маунт херој на Челзи

Oct 16, 2022

[ad_1]

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед и Њукасл ремизираа 0:0 во натпреварот од 11. коло на англиската Премиер лига.

Кристијано Роналдо по подолго време беше во стартниот состав на „црвените ѓаволи“ во натпревар од Премиер лигата, но денеска не успеа да се запише во стрелците. Првата шанса на мечот ја имаше Џејдон Санчо, потоа „страчките“ возвратија преку Џоилтон, меѓутоа мрежите останаа мирни во првите 45 минути.

Калум Вилсон имаше огромна можност да ги доведе гостите во водство по само две минути игра во продолжение, неговиот удар заврши покрај десната статива од голот на Де Хеа.

Јунајтед имаше блага иницијатива на теренот во последниот половина час, Рашфорд влезе на местото на Роналдо во 72. минута, но тоа не ги промени многу работите на теренот.

Најдобрите шанси до крајот на мечот ги имаше резервистот Рашфорд, кој одлично изведе слободен удар во 82. минута, а топката заврши покрај голот. На минута пред крајот истиот играч пропушти прилика за игра, топката го мина голманот на Њукасл Поуп, но не ја погоди рамката од голот.

Како гостин, Челзи победи против Астон Вила со 2:0.

„Сините“ поведоа веќе во шестата минута со голот на Мејсон Маунт. Избраниците на Стивен Џерард имаа неколку одлични шанси за израмнување во првото полувреме, но гостинскиот голман Кепа остана незапирлив. Победата на Челзи ја потврди Мејсон Маунт со својот втор гол во 68. минута.

Саутемптон и Вест Хем ги поделија бодовите, беше 1:1. Домашните поведоа во 20. минута со голот на дефанзивецот Ромен Перно, бод за Вест Хем донесе Деклан Рајс во 64. минута.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ