План од 10 чекори за запирање на војната во Украина подготвија премиерите на Чешка, Полска и Словенија


Фото: Пиксабеј

Тројца премиери кои пред 10 дена го посетија Киев – полскиот премиер Матеуш Моравјецки, чешкиот Петр Фијала и Словенецот Јанез Јанша подготвиле план од 10 чекори за запирање на нападот на Русија, а доколку нивниот план не успее и не се заврши војната, тогаш Западот да почне активно да ја брани Украина.

Прво, сите руски банки мора да бидат исфрлени од меѓународниот платен систем Свифт, второ, Западот мора да подготви заедничка политика за давање азил на руските војници кои одбиваат да му служат на режимот во Москва и трето, мора да се запре руската пропаганда во Европа.

-Слободата на говор не значи право на лажење – напиша полскиот премиер Моравјецки, кој денеска планот го претстави за сајтот „Политико“.

Моравјецки, Фијала и Јанша бараат да се блокира влезот на руските бродови во пристаништата на западните земји, а истата блокада да го опфати и патниот сообраќај кон и од Русија.

Планот предвидува проширување на санкциите не само на олигарсите, туку и на целото нивно деловно опкружување и суспендирање на визите за руските граѓани кои сакаат да се приклучат на ЕУ.

-Рускиот народ мора да разбере дека ќе ги сноси последиците од оваа војна. И се надеваме дека ќе му го сврти грбот на Путин – рече полскиот премиер во авторскиот напис за „Политико“.

Планот во последните три точки предвидува санкции против сите членови на руската партија Единствена Русија, забрана за извоз во Русија на сите технологии што можат да се користат за водење војна и на крајот да се исклучи Русија од сите меѓународни организации.

-Не можеме да седнеме на иста маса со криминалците- напиша Моравјецки.

На крајот полскиот премиер побара да се оди понатаму, доколку овие потези не вродат со плод, и да се испрати мировна мисија на НАТО и други меѓународни организации во Украина.

-Доколку не успееме да воведеме ефективни санкции, немаме избор, мора да го браниме украинскиот народ со сопствени штитови – заклучи Моравјецки за „Политико“.

ТОП ВЕСТИ

Бајден: Федерална помош за државата Мисисипи по торнадото

Американскиот претседател Џо Бајден одобри федерална помош за поддршка на државата Мисисипи откако беше погодена од торнадо во кое загинаа 26 луѓе, соопшти денеска...

Австрискиот претседател Ван Дер Белен и претставници на 30 компании во вторник во Македонија

Во вторник го дочекуваме австрискиот претседател Александар Ван Дер Белен како дел од западнобалканската политичко економска турнеја. Во делегацијата со Ван Дер Белен ќе...

Средба Рама-Курти во Тирана

Косовскиот премиер Албин Курти, кој денеска е во посета на Тирана, по средбите со шефот на државата Бајрам Бегај и претседателката на парламентот Линдита...

Спасовски: Детектирана е криминална група во однос на лажните дојави за бомби, тие речиси и да престанаа по донесување на новите протоколи

Во интервју за Радио Слободна Европа, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одговарајќи на прашање во врска со придобивките од новите Протоколи за постапување...

НАТО- Руската нуклеарна реторика е опасна и неодговорна

НАТО во неделата ја критикуваше Русија за нејзината „опасна и неодговорна“ нуклеарна реторика, еден ден откако рускиот претседател Владимир Путин рече дека Русија ќе...