PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

Пленковиќ: Геноцидот во Сребреница е пораз на човештвото

Jul 12, 2022

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ на Твитер објави дека геноцидот во Сребреница е „пораз на човештвото“ и изрази почит кон жртвите и сочувство до нивните семејства.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

„Поминаа 27 години од геноцидот во Сребреница, кој претставува пораз на човештвото. Со почит се сеќаваме на повеќе од 8.000 бошњачки мажи, момчиња и цивили убиени во Сребреница. Длабоко сочувствуваме со нивните семејства и најблиските“, напиша Пленковиќ на Твитер.

Се проценува дека повеќе од осум илјади бошњачки мажи и момчиња биле убиени во текот на десетте дена од јули, а потрагата по останките на околу илјада од нив сè уште трае, пишуваат медиумите во регионот.

Истите анализираат дека поранешните политички и воени лидери на босанските Срби, Радован Караџиќ и Ратко Младиќ беа осудени на доживотен затвор заради одговорност за геноцидот во Сребреница

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ