Полициски службеници од Загреб извршија увид во три од петте локации по дојавата за можни поставени експлозивни направи, пренесе ХРТ Оттаму потврдија дека добиената пријава е лажна за три локации, а во тек се увид на уште две локации.
Непознатиот сторител под име „Армија на Стрелков и Лимонов“ тврди дека поставил 22 бомби на пет локации.
Полицијата со помош на кучиња детално ги пребарува наведените локации и потенцира дека нема потреба од паника.
Во вторникот имаше неколку анонимни дојави за поставени бомби на повеќе локации во Белград.
Инаку во изминатите неколку месеци Србија често беше мета на лажни дојави за бомби, а во мај годинава беа идентификувани локации од вкупно 19 мејл-адреси од кои пристигнале заканувачки пораки за подметнати бомби на повеќе локации во Србија.