По горивата, корекции на цените и на основните производи

По поевтинувањето на горивата, се очекува од денеска да има корекции и на цените на основните прехранбени производи согласно владините антикризни мерки и законските измени за висината на акцизите и стапката на ДДВ што во петокот добија зелено светло во Собранието.

Треба да се усогласат цените на лебот, брашното, шеќерот, сончогледовото масло, кравјото млеко, месото, оризот, јајцата. За нив стапката на ДДВ е намалена од 5 на 0 проценти и оваа мерка ќе трае до крајот на мај. Паралелно со ова, замрзнати се маржите за некои производи, и укинати царинските давачки за увозот на основните прехранбени продукти.

Антикризниот пакет мерки за справување со ценовниот шок поради војната во Украина, покрај намалениот ДДВ на горивата од 18 на 10 проценти, како и акцизата за 1, 2 или 4 денари, што веќе доведе до поевтинување на бензините и дизелот, предвидува и продолжување на повластената стапка од 5 проценти ДДВ за електрична енергија за домаќинствата до крајот на годинава.

Се намалува и стапката на ДДВ при промет на енергенси од 18 на 10 проценти, а се укинува данокот при увоз на гас, електрична и топлинска енергија.

Со намалувањето на даноците директно се влијае врз крајната цена што граѓаните ја плаќаат за основните производи за исхрана, со пониското ДДВ за нафтените деривати се амортизира крајната цена на дериватите, додека со продолжување на повластената стапка на ДДВ за електрична енергија се редуцираат трошоците за енергија.

Од Владата и надлежните институции задолжени за спроведување на мерките апелираат трговците соодветно да ги применат решенијата од законот, односно да направат подесување на своите фискални апарати. Велат дека донесените законските измени, предвидуваат механизми кои Владата ќе може да ги користи и во иднина доколку има потреба да се избегнат какви било шпекулации и ценовни шокови на граѓаните и стопанството.

Со сетот од 26 антикризни мерки, е предвидено и субвенционирање на граѓаните за електрична енергија. Најранливите категории во периодот од април до јуни ќе добијат ваучери во вредност од по 1.000 денари секој месец, кои би се користеле за купување на основни производи. За сите пензионери започнувајќи од мартовската, а завршувајќи со мајската пензија, превидени се дополнителни субвенции од по 1.000 денари како дополнување на пензијата.

Министерот за финансии Фатмир Бесим тврди дека донесените мерки вредни 400 милиони евра нема да влијаат на ликвидноста на државната каса. Буџетот е ликвиден, девизните резерви се зголемени, денарот е стабилен, вели Бесими. Тој ги повика институциите, општините, стопанствениците и граѓаните да бидат рационални во трошењето на енергенсите и да не подлегнуваат на шпекулации кои се на штета на личниот буџет, нагласувајќи дека сите мерки се преземаат навремено и дека нема простор за паника.

ТОП ВЕСТИ

Бајден: Федерална помош за државата Мисисипи по торнадото

Американскиот претседател Џо Бајден одобри федерална помош за поддршка на државата Мисисипи откако беше погодена од торнадо во кое загинаа 26 луѓе, соопшти денеска...

Австрискиот претседател Ван Дер Белен и претставници на 30 компании во вторник во Македонија

Во вторник го дочекуваме австрискиот претседател Александар Ван Дер Белен како дел од западнобалканската политичко економска турнеја. Во делегацијата со Ван Дер Белен ќе...

Средба Рама-Курти во Тирана

Косовскиот премиер Албин Курти, кој денеска е во посета на Тирана, по средбите со шефот на државата Бајрам Бегај и претседателката на парламентот Линдита...

Спасовски: Детектирана е криминална група во однос на лажните дојави за бомби, тие речиси и да престанаа по донесување на новите протоколи

Во интервју за Радио Слободна Европа, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одговарајќи на прашање во врска со придобивките од новите Протоколи за постапување...

НАТО- Руската нуклеарна реторика е опасна и неодговорна

НАТО во неделата ја критикуваше Русија за нејзината „опасна и неодговорна“ нуклеарна реторика, еден ден откако рускиот претседател Владимир Путин рече дека Русија ќе...