[ad_1]
Рок-музичарот Џон Мајлс почина на 72-годишна возраст. Неговото семејство ја потврди веста, велејќи дека тој починал по кратко боледување и мирно, во сон, опкружен со најблиските.
Роден е во Џероу, во април 1949 година, во северо-источниот дел на Англија и стана легенда со песната „Music“ (Music Was My First Love And It Will Be My Last), која ги одбележа топ листите во Велика Британија во 1976 година. Тој беше наречен голем и иновативен музичар во британската рок музика. Подоцна свирел со Тина Тарнер и соработувал со бројни музичари како Стиви Вондер, Џими Пејџ итн.
– Со голема тага ве известуваме дека господинот Мјузик, Џон Мајлс, за жал почина по кратко боледување. Беше сакан сопруг, татко и дедо и ни недостига повеќе отколку што може да се опише со зборови. Ве молиме почитувајте ја нашата приватност во ова тешко време… Секогаш ќе биде во нашите срца – пишува меѓу другото во објавата на семејството на Мајлс на социјалната мрежа Фејсбук.
Има издадено 10 албуми од 1976 и 1999 година, а во 2017 година доби награда за придонес во рокенрол музиката.
Неговиот менаџер и пријател Клиф Купер изјавил дека починал мирно, во сон со семејството околу него.
– Како менаџер и пријател на Џон 50 години, тој не само што беше добар и љубезен, туку и одличен музичар и текстописец на глобално ниво – изјави тој за Би-Би-Си.
Зад себе ја оставил сопругата Ајлин, со која бил во брак речиси половина век, како и две деца и внуци.