Почина најстарата личност на светот


Фото: Принт-скрин

Кане Танака, најстарата личност на светот, почина во Јапонија на 119 години, соопшти јапонското Министерство за здравство, труд и благосостојба. Танака, која е родена на 2 јануари 1903 година, почина на 19 април, соопшти денеска Министерството.

Гинисовата книга на рекорди соопшти дека биле тажни кога слушнале за смртта на Танака, а веста за нејзината смрт ја потврдил и високиот консултант за геронтологија Роберт Јанг, кој во 2019 година помогна да се потврди нејзиниот рекорд како најстар жив човек.

– Таа стана најстарата жива личност во јануари 2019 година на возраст од 116 години и 28 дена – соопшти на Твитер Гинисовата книга на рекорди.

Танака е втората најстара личност што е регистрирана, зад Жан Калмент која живеела 122 години.

ТОП ВЕСТИ

Груби-Ван дер Белен: Австрија силно го поддржува процесот на европска интеграција на Северна Македонија

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците  Артан Груби, придружуван од премиерот Димитар Ковачевски, како и други министри,...

Замрзнати и намалени цените на хигиенските производи

Владата денеска на седница донесе Одлука за определување највисоки цени за тоалетна хартија, влажни марамчиња, пелени за деца и возрасни и хигиенски влошки. Највисоките...

Маск и група експерти бараат пауза во развојот на вештачката интелигенција поради „ризици за општеството“

Илон Маск и група експерти за вештачка интелигенција повикуваат на шестмесечна пауза во развојот на системи помоќни од неодамна лансираниот GPT-4, во отворено...

Ковачевски-Белен: Потврдена одличната соработка со Австрија, Северна Македонија одлучно продолжува на патот кон ЕУ

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска оствари средба со сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен, кој престојува...

Лефков и Ковачки го злоупотребуваат пратеничкиот имунитет за навреди и дискредитации

Политичката коректност и пристојна комуникација меѓу пратениците е одамна изгубена во нашето Собрание. Наместо аргументирана дебата, факти, говорницата се користи за меѓусебни навреди и...