
Фото: ЕПА
Шинзо Абе починал во болницата каде што добивал медицинска помош, во близина на нападот во Нара, изјави висок функционер на Либерално-демократската партија, пренесува јавната телевизија НХК.
67-годишниот Абе, кој и понатаму е јапонски премиер со најдолг стаж, беше застрелан додека држеше говор во кампањата.
Осомничениот напаѓач – пријавен дека е маж на 40-годишна возраст – бил совладан на самото место и уапсен.