PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

Почна седницата за ребаланс на буџетот и ќе трае 5 дена

Jul 11, 2022

Ребалансот на буџетот денеска се најде пред пратениците во Законодавниот дом. За владата истиот ќе даде одговор на кризите во кои се наоѓа земјава. Министерот за финансии уверува- пари ќе има за сите, за социјално загрозените категории, компании, пензии, минимална плата.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

Опозицијата упати остри критики пак за каде се ќе завршат парите. Сметаат дека се троши непродуктивно, земјава е на раб на сиромаштија, има се повеќе нови задолжувања, а парите од ребалансот нема да завршат кај оние што им е најпотребно.

Од СДСМ уверуваат дека овој ребаланс ќе биде одговор на последиците од глобалните кризи.

Со ребалансот приходите се 4 милијарди евра, а расходите 4,7 милијарди, со што дефицитот изнесува 700 милиони евра. Инфлацијата годинава е предвидено да надмине 7% од БДП.

Расправата во собранието трае најмногу 5 работни дена.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ