Подолјак: Руските сили брзо се повлекуваат од северна Украина


Фото: Твитер

Руските сили брзо се повлекуваат од регионите на Киев и Чернихив во северна Украина со цел да се зајакнат на истокот и југот на земјата и цврсто да ги диктираат своите услови, изјави денеска Михаил Подолјак, советник на украинскиот претседател.

– Со оглед на овој факт и сите движења и концентрација на окупаторските сили, сосема е јасно дека Русија избра друга тактика како приоритет-напиша Подолјак на Телеграм.

Според него, руските сили настојуваат „да се повлечат на исток и југ, да ја задржат контролата над огромните окупирани територии (не само во регионите Доњецк и Луганск) и таму да се зајакнат“.

– Се разбира, не можеме без тешко оружје ако сакаме да го деблокираме Истокот и (јужниот регион околу) Херсон и да ги одбиеме Русите колку што е можно повеќе-вели Подолјак.

Во меѓувреме, гувернерот на Чернихивската област, Вјачеслав Чаус, посочи дека регионалниот центар Чернихив, кој веќе е уништен од борбите во последните недели, не бил цел на нови напади ноќеска.

– Русите се повлекуваат од регионот на Чернихив-​​рече тој.

Гувернерот на регионот Полтава Дмитриј Лунин, пак, рече дека руски проектили рано утрово погодиле два града во централна Украина, Полтава и Кременчук, оштетувајќи ја инфраструктурата и станбените згради.

ТОП ВЕСТИ

Елмас и Чурлинов ја скршија цврстата Малта на „Тодор Проески“

Македонија - Малта: Ни треба победа и тоа не каква било, туку газење треба!↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=i4EBkAwsqrIНа Арената „Тодор Проески“, Македонија вечерва забележа победа против...

Шетала гола на улица со денови: Популарна актерка сместена на психијатрија (ФОТО)

Тинејџерската филмска ѕвезда Аманда Бајнс со денови бесцелно талкала низ улиците на Лос Анџелес, а потоа почнала да се шета целосно гола, по...

Битиќи со порака до компаниите: Не стравувам од вештачко враќање на цените, граѓаните нема да ја плаќаат цената

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, потенцира дека не стравува од вештачко враќање на цените на производите што сега се со замрзнати вредности. „Првите позитивни...