Погребан поранешниот јапонски премиер Абе

Јапонците денеска се простија од поранешниот премиер Шинзо Абе, кој беше погребан во будистички храм во Токио. Стотици луѓе се собраа околу храмот во центарот на Токио за да се простат од Абе.

Додека поминуваше погребната поворка насобраните граѓани облечени во црно и со цвеќе во раце извикуваа „Абе-Сан“.

Знамињата во Токио се спуштени на половина копје.

На погребот во храмот присуствуваа вдовицата на убиениот поранешен премиер Аки Абе, членови на блиското семејство, премиерот Фумио Кишида и високи претставници на Либерално-демократската партија на Абе.

На 8 јули, 67-годишниот Абе беше застрелан за време на предизборен митинг во градот Нара, а почина во болница.

ТОП ВЕСТИ

Два автомобили и камион се судрија на булевар Србија

Утрово на булевар Србија во правец од Драчево до Аеродром, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале два патнички автомобили и еден камион. Патнички автомобил...

Ковачевски: Во однос на безбедносната состојба во државата, граѓаните може да се спокојни

Настаните кои се случија денес силно ги осудувам, и изразувам целосна поддршка на КФОР за сите идни активности кои се во насока на гарантирање...

Почина Шефот на Коза ностра, Матео Денаро, кој беше фатен во јануари по 30 години бегство

Шефот на италијанската мафија Матео Месина Денаро, кој беше фатен во јануари по три децении бегство, почина на 61 година. Денаро се лекувал од...

„ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ“: Ќе наврнат над 40 литри воден талог, Попоски ги предупредува граѓаните, еве каде е најкритично!

Метеорологот Славчо Попоски предупредува дека поројно врнежи од дожд доаѓаат во земјава. Тој истакна дека во текот на денешниот ден на многу места во Македонија...

ВИДЕО: Маж загина набоден од бик на традиционалниот фестивал во Валенсија

Еден човек им подлегнал на повредите откако бил набоден од бик за време на фестивал во источна Шпанија, соопштија денеска властите. Жртвата, која не е именувана,...