PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

Поинтензивно ќе ја снабдуваме Украина со оружје, вели германската министерка за надворешни работи

Apr 7, 2022

[ad_1]

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

Заврши ерата на соработка со Русија, изјави британската министерка за надворешни работи Елизабет Трас на работната вечера на министрите за надворешни работи во Брисел, соопшти британското Министерство за надворешни работи.

Трас им кажа на колегите од НАТО дека „Договорот меѓу НАТО и Русија е мртов“ и дека е време да се отфрли застарениот пристап во односот со Русија, објави Си-ен-ен.

Актот, потпишан во 1997 година, смета дека НАТО-алијансата и Русија не се гледаат едни со други како непријатели, според оригиналниот документ.

„Потребен ни е нов пристап кон безбедноста во Европа заснован на одбрана, одвраќање и издржливост“, рече таа.

Трас нагласи дека НАТО не може да дозволи „безбедносен вакуум“ на источните граници на алијансата и дека треба да ја преиспита поддршката на земјите „фатени во мрежата на руското влијание“, како што се Грузија, Молдавија, Шведска и Финска.

Таа, исто така, ги повика партнерите да ги засилат санкциите и да ја вооружат Украина „брзо и решително, за да се обезбеди неуспех на Путин“.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ