PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

Полицијата ги пронајде двете исчезнати малолетнички Аниса и Мелиса

Apr 1, 2023

МВР велат дека по документирање на случајот, двете малолетнички ќе ги предадат на нивните родители

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

Двете исчезнати девојчиња, 12-годишната Аниса и 15-годишната Мелиса, попладнево се пронајдени во парк во Чаир, кај продажен објект, односно на подрачјето на полициската станица „Бит Пазар“.

Информацијата ја потврдија и од МВР. „Денеска (01.04.2023) во 13.30 часот на ул. „Џон Кенеди“, кај продажен објект во паркот, од страна на полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар, по деноноќна потрага, пронајдени се малолетничките М.К.(15) и А.А.(12)“, велат од МВР.

По двете девојчиња се трагаше од четвртокот вечерта кога во полициска станица беше пријавено дека се оддалечиле во непознат прават.

Од МВР велат дека по документирање на случајот, двете малолетнички ќе ги предадат на нивните родители.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ