Полициски час во Украина поради можни руски напади за Велигден

Од внатрешноста на опколената челичарница Азовстал во Мариупол се појави видео, на кое се гледаат жени и деца кои велат дека немаат сила и дека мора итно да се евакуираат на територијата што ја контролира Украина.

Снимката е направена во четвртокот. Жените велат дека 15 деца живеат во тунели под фабриката за челик, од бебиња до тинејџери. Тие биле заробени заедно со нивните семејства и други цивили, вклучително и работници во фабриката.

На видеото се гледаат неколку деца, опкружени со облека и импровизирани кревети. Едно момче вели дека очајно сака повторно да ја види сончевата светлина и да дише свеж воздух надвор.

Неименувана жена вели дека поминала 50 дена под земја од 25 февруари, вториот ден од руската инвазија на Украина. Други велат дека се засолниле во фабриката на почетокот на март, додека руските сили ги нападнале нивните станови со артилериски и воздушни напади.

„ Сите намирници што ги понесовме со нас се при крај. Наскоро нема да имаме доволно храна ниту за децата“ – рече таа.

„ Тука сме и ни треба помош. Ние сме во епицентарот на настаните и не можеме да излеземе. Моето дете треба да биде евакуирано во мирна област, како и другите. Бараме безбедносни гаранции за нашите деца“ – додаде таа.

Една девојка на видеото вели дека излегла од дома на 27 февруари и дека оттогаш не видела „ни небо, ни сонце“.

ТОП ВЕСТИ

Елмас и Чурлинов ја скршија цврстата Малта на „Тодор Проески“

Македонија - Малта: Ни треба победа и тоа не каква било, туку газење треба!↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=i4EBkAwsqrIНа Арената „Тодор Проески“, Македонија вечерва забележа победа против...

Шетала гола на улица со денови: Популарна актерка сместена на психијатрија (ФОТО)

Тинејџерската филмска ѕвезда Аманда Бајнс со денови бесцелно талкала низ улиците на Лос Анџелес, а потоа почнала да се шета целосно гола, по...

Битиќи со порака до компаниите: Не стравувам од вештачко враќање на цените, граѓаните нема да ја плаќаат цената

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, потенцира дека не стравува од вештачко враќање на цените на производите што сега се со замрзнати вредности. „Првите позитивни...